Prijavi problem

Златна награда и признание „GLOBALLOCAL“ 2019 за Општина Илинден

Објавено на: 18.10.2019 - 11:41

 

Златна награда и признание „GLOBALLOCAL“ за креирање на добар амбиент за развој на претприемништвото во Средна и Југоисточна Европа за 2019 година во категоријата најдобри локални заедници во 2019 година и беше доделена на Општина Илинден.

Наградата е доделена од страна на Меѓународниот економски форум Перспективи-Дубровник и Промо глобал-Загреб врз основа на Одлуката на Меѓународниот комитет за доделување на интернационални награди и признанија за заедниците и институциите за креирање на добар амбиент за развој на претприемништвото во Средна и Југоисточна Европа „GLOBALLOCAL“.

Ова престижно признание му беше врачено на градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски, на свеченоста во рамките на Вториот светски конгрес на претприемачи, што се одржа во Скопје. Градоначалникот Стојановски искажа благодарност до Меѓународниот комитет за доделувањето на оваа награда која, како што рече, претставува еден вид сатисфакција за вложениот повеќегодишен труд  во креирањето на добар амбиент за развој на претприемништвото во Општина Илинден.

Наградата „GLOBALLOCAL“  на најдобрите локални самоуправи во креирањето на добар амбиент во претприемништвото им се доделува на посебно успешните локални заедници кои со оригиналните решенија и креативни мерки значајно го унапредиле амбиентот за брз и одржлив развој на претприемништвото како темел на развојот на локалната заедница и нејзините граѓани.

Градоначалникот Жика Стојановски активно учествуваше во работата на Светскиот конгрес на претприемачи. Во своето  обраќање на пленарната свечена седница тој ги претстави и ги промовираше силните страни на Општина Илинден, која како инвестициска дестинација, со пропулзивен ритам расте, се развива и напредува.

 -Инвестициските патишта водат кон Општина Илинден, како резултат на прогресот во привлекување и ефектуирање во реализацијата на инвестиции, оптимално искористување на можностите и ресурсите, како и резултат на спроведувањето на реален и ефективен концепт во овозможување на поволни услови за влез на нови инвеститори и поддршка на постојните стопански субјекти.

Водечките индикатори за одржлив локален економски развој покажуваат зголемување на бројот на инвестиции, отворање на нови, реални, слободни работни места и зголемување на вработеноста, со што продолжува инвестицискиот циклус карактеристичен за Општина Илинден, во кој од 2008 година до денес реализирани се вкупно 187 инвестиции, од кои 33 странски директни инвестиции (СДИ), што придонесе невработеноста во општината која во 2008 година изнесуваше 38%, континуирано да се намалува и денес изнесува 5%, истакна градоначалникот Стојановски во своето обраќање.

Тој додаде дека воспоставеното партнерство и соработка меѓу јавниот, приватниот (бизнис) и граѓанскиот сектор е единствениот механизам за обезбедување на легитимност на стратешките и акционите планови во создавањето на подобри услови за забрзан и оддржлив економски раст, воспоставување и одржување динамична претприемачка култура и создавање на квалитетни услови за живеење.

-Имаме јасна визија,  Општина Илинден да прерасне во урбана, атрактивна и конкурентна општина во регионот и пошироко, со создадени услови за одржлив економски и социјален развој, како и квалитетен живот на населението. Општина Илинден е препознатлива, потврдена, економски силна, урбана општина со современи услови за живеење и стопанисување, каде што образованието, знаењето и ИКТ се императив за растечкиот стандард на човечкиот капитал, додаде Стојановски.

Како дел од работата на Светскиот конгрес на претприемачи 2019 градоначалникот Жика Стојановски учествуваше и на панел сесијата „Globallocal“ – проактивните претприемачки заедници креираат поволен претприемнички екосистем“, што се одржа во Македонската академија на науките и уметностите.

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Инвестициските патишта водат кон општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013