Prijavi problem

Спортски викенд Илинден 2017 „Ние навиваме за Македонија“

Објавено на: 17.07.2017 - 12:05

По повод одбележувањето на патрониот празник на Општина Илинден "Илинден 2-ри Август“ и националниот празник на македонскиот народ, на 22 јули (сабота) и 23 јули (недела) 2017 година, под мотото „Ние навиваме за Македонија“ по 9-ти пат ќе се одржи Спортски викенд „Илинден 2017“. На оваа традиционална спортска манифестација ќе учествуваат над 700 спортисти кои ќе се натпреваруваат во повеќе спортови: велосипедизам, шах, баскет, тенис, атлетика, хокеј и голем фудбал.

Централен настан на Спортскиот викенд е професионалната велосипедска трка во должина од 100 километри „Трофеј Илинден 2017”, која што е влезена во календарот на велосипедски трки на Велосипедската федерација на Македонија и се бодува за купот на нашата земја. Велосипедската трка „Трофеј Илинден 2017” има интернационален карактер бидејќи на неа настапуваат велосипедисти од повеќе држави.

Стартот на трката е закажан за 23 јули (недела) во 16:00 часот пред Спортската сала „Гоце Делчев“, каде што е и целта, а ќе се возат 4 круга низ населените места на Општина Илинден: Илинден, Марино, Ајватовци, Мршевци, Дељадровци, Текија, Миладиновци и Кадино. Патеката е кружна, а должината на еден круг е 25 километри.

На „Трофеј Илинден 2017 се очекува да настапат 70 велосипедисти кои ќе се натпреваруваат во повеќе категории: сениори, мастерс, кадети, јуниори, жени, У15 и У13.

Како вовед во професионалната велосипедска трка „Трофеј Илинден“, ќе се одржи велосипедска трка за рекреативци во должина од 5 километри, на која можат да учествуваат сите заинтересирани граѓани, независно од нивната возраст.

На новоизградената пешачко-велосипедска патека Марино-Кадино ќе се одржат традиционалните натпревари во атлетика, каде што над 200 ученици и младинци ќе се натпреваруваа во крос трките на 200, 300, 400, 500, 600, 800, 1500 и 2000 метри.

На шаховскиот турнир што во рамките на Спортскиот викенд Општина Илинден го организира со Шаховската федерација на Македонија, а ќе се одржи во Домот на култура „Илинден“, се очекува да учествуваат 32 шахисти. За времетраењето на турнирот ќе биде промовирана и книга посветена на интернационалниот мајстор Димитар Илиевски-легендата на македонскиот шах.

На тенискиот турнир, што Општина Илинден го организира во соработка со Тениската федерација на Македонија, ќе настапат 16 тенисери.

Натпреварите во баскет на кои ќе учествуваат 12 екипи ќе се одиграат во Спортскиот центар „Марино“.

Како дел од Спортскиот викенд „Илинден 2017“ на фудбалското игралиште во Марино ќе се одигра фудбалски натпревар, а за прв пат во рамките на оваа спортска манифестација, ќе биде организиран и хокејарски натпревар.

Градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски како покровителот на Спортскиот викенд „Илинден 2017“, на најдобрите екипи и поединци ќе им додели соодветни награди, пехари, медали, маици...

Програма за download

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Спортски викенд „Илинден 2017“
ilinden.gov.mk © 2013