Prijavi problem

Со настап на Влатко Стефановски општина Илинден ќе го одбележи патрониот празник "Илинден 2-ри Август“

Објавено на: 18.07.2018 - 09:30

На ден 26.07.2018 година (четврток) со почеток во 20:00 часот, во амфитеатарот на паркот „Галерија на отворено“, пред Домот на култура „Илинден“, во населба Илинден. под мотото "Со Илинден традицијата продолжува“, на свечен начин ќе биде одбележан патрониот празник на општина Илинден "Илинден 2-ри Август“ и националниот празник на македонскиот народ.

Одбележувањето на Денот на Општината ќе биде збогатено со настап на Влатко Стефановски Трио. Жителите на општина Илинден ќе имаат ретка можност да уживаат во звуците на музиката на македонската музичка легенда, Влатко Стефановски, кој ќе се претстави со повеќе преработени традиционални изворни македонски песни, потоа со дел од неговите евергрини, за настапот да го заокружи со промоција на нумери од својот најнов албум.

Ќе ни претставува особено задоволство ако и Вие со Вашето присуство го збогатите овој настан и сите заедно да го прославиме националниот празник на македонскиот народ и патрониот празник на  општина Илинден.

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Свечено одбележан Денот на општина Илинден "Илинден 2-ри Август“
ilinden.gov.mk © 2013