Prijavi problem

Со над 750 учесници успешно реализиран Спортски викенд „Илинден 2018“

Објавено на: 24.07.2018 - 12:14

Во рамките на одбележувањето на патрониот празник на општина Илинден "Илинден 2-ри Август“ и националниот празник на македонскиот народ, општина Илинден успешно го реализираше јубилејниот 10. по ред Спортски викенд „Илинден 2018“, под мотото „Ние навиваме за Македонија“. На оваа спортска манифестација учествуваа над 750 спортисти кои се натпреваруваа во повеќе спортови: велосипедизам, шах, баскет, тенис, атлетика, хокеј и голем фудбал.

Централен настан на Спортскиот викенд беше професионалната велосипедска трка во должина од 100 километри „Трофеј Илинден 2018”, која што е влезена во календарот на велосипедски трки на Велосипедската федерација на Македонија и се бодува за купот на нашата земја.

Велосипедистите возеа 4 круга низ населените места на Општина Илинден: Илинден, Марино, Ајватовци, Мршевци, Дељадровци, Текија, Миладиновци и Кадино, а должината на еден круг беше 25 километри. Традиционално, како вовед во главната трка се одржа рекреативна велосипедска трка во должина од 5 километри, во која учествуваа околу 250 граѓани од сите возрасти, со што стана една од најмасовните досега.

Меѓу 38 шахисти на многу силниот шаховски турнир се најдоа и шестмина фиде мајстори, а особен интерес предизвикаа натпреварите во атлетика на кои учествуваа над 300 ученици, младинци и дечиња од градинката „Гоце Делчев“ кои му дадоа посебен белег на ова натпреварување.

Во рамките на Спортскиот викенд се одржа и ревијален натпревар во фудбал во кој меѓусебно играа две екипи составени од фудбалерите на трите фудбалски клубови од општина Илинден кои што се натпреваруваат во Третата фудбалска лига, ФК „Илинден“, ФК „Кадино“ и ФК „Марино“.

 Покрај редовните турнири во баскет и тенис, годинава по втор прв пат во рамките на Спортскиот викенд „Илинден 2018“ се одржа ревијален натпревар во хокеј на ролерки на кој учествуваа повеќемина репрезентативци на Македонија.

Покровител на манифестацијата беше градоначалникот на општина Илинден, Жика Стојановски, кој на најдобрите екипи и поединци им додели соодветни награди и признанија.

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Континуирано инвестираме во подобар и поквалитетен живот за сите во општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013