Prijavi problem

Рехабилитација на локалниот пат во Кадино во должина од 1.100 метри

Објавено на: 03.10.2016 - 09:38

Општина Илинден во рамките на Проектот за подобрување на локалната патна инфраструктура, врши комплетна рехабилитација на локалниот пат на улица „10“ во н.м. Кадино, во вкупна должина од 1.100 метри.

Покрај новиот асфалт се врши и изградба на атмосферска канализација за прифаќање и одведување на атмосферските води, профилирани се отоврените одводни канали покрај локалниот пат како и се поставуваат цевкасти пропусти.

Покрај градежните активности се поставува и хоризонтална сообраќајна сигнализација.

Вкупната вредност на овој проект е 11 милиони денари, средства обезбедени од Буџетот на Општина Илинден.

Рехабилитацијата на овој локален пат е од големо значење за локалното население, зашто покрај тоа што се олеснува комуникацијата, значително се подобрува безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Истовремено, зафаќањето на атмосферските води е уште една од придобивките за поздрава животна средина, но и спречување на оштетувањето на коловозот и тротоарите.

Како еден од приоритетите во насока на рамномерниот развој и подобрувањето на квалитетот на живеење во сите населени места, Општина Илинден продолжува со инвестирањето во локалната патна инфраструктура реализирајќи ја програмата за подобрување на локалната патна инфраструктура-изградба, реконструкција, санација и рехабилитација на локалните улици и патишта и програмата за подобрување на инфраструктурата во стопанските комплекси и во локалните економски зони.

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

„Најдобриот работник“ во Општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013