Prijavi problem

Реализација на капитални проекти во општина Илинден

Објавено на: 03.11.2016 - 12:25

Општина Илинден во континуитет продолжува со интензивни капитални инвестиции во повеќе области кои што придонесуваат за подобрување на условите за живот и животниот стандард и овозможување на квалитетен живот на граѓаните.

Интензивните инвестиции и вложувања во квалитетна патна инфраструктура  придонесуваат за одржлив локален економски и социјален развој и обезбедување на поволни услови за влез на домашни и странски инвестиции. 

-Во делот на безбедноста на пешаците и велосипедистите како учесници во сообраќајот Општина Илинден континуирано инвестира во изградба и реконструкција на пешачки и велосипедски патеки. Со реализацијата на овој проект опфатени се најфрекфентните места во општината, односно главните сообраќајници од влезот во населба Илинден, преку Марино, до крајот на Кадино. До крајот на годината овој проект кој има за цел поголема безбедност на пешаците и велосипедистите ќе биде заокружен со изградени вкупно 15 километри пешачки и велосипедски патеки.

Се заокружува изградбата на Пешачко-рекреативна патека со велосипедска патека, патека за ролери, и скејтборди, долж улица „532", Марино – Кадино“, во должина од 2 километра, за што се инвестираат 30 милиони денари, од кои 18 милиони денари се од Буџетот на Општина Илинден, 12 милиони денари се обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој.

-Инвестирањето во комуналната инфраструктура е од витално значење за локалниот економски развој, подобрувањето на инвестициската клима и квалитетот на живеење во Општината.

„Изградба на систем за зафаќање, третман и одведување на отпадните води со Пречистителна станица“ во населено место Марино; Сегмент во должина од 4.000  метри канализациски систем и пречистителна станица со капацитет од 1250 еквивалент/жители, со што се создаваат услови за зафаќање на отпадните води од 330 домаќинства.

Вредност на Проектот е 30 милиони денари.

Заедно со овој изградени се 4 сегменти од фекалната канализација со пречистителни станици, во Марино, Кадино и во Илинден, кои опфаќаат 1.400 домаќинства, односно 5.000 жители, а вкупната инвестиција за овие сегменти изнесува 130 милиони денари.

Пречистителните станици се комплетно автоматизирани и претставуваат модуларни системи што зафаќаат мал простор, имаат мала потрошувачка на електрична енергија и може да се надградуваат во согласност со зголемувањето на капацитетот на еквивалент жители.

Ова е концептот што го спроведува Општина Илинден со примена на мали пречистителни станици за прифаќање, третман и одведување на отпадните води.

-Два нови Домови на културата до 15 ноември ќе бидат изградени во населените места Марино и Миладиновци. Вкупната инвестиција за двата идентични домови на култура што се простираат на површина од по 360 метри квадратни, изнесува 26 милиони денари.

Ова е продолжение на капиталниот проект „Изградба, санација и реконструкција на 10 домови на културата“ со кој беа изградени, реконструирани и опремени 10 Домови на културата. Со реализацијата на овој капитален проект сите 12 населени места ќе имаат домови на културата, со што ќе се поттикне граѓанското учество во локалната самоуправа.

И во наредниот периодот Општина Илинден со ист интензитет ќе продолжи со инвестиции во развојот на инфраструктурата, ќе продолжи со реализација на капитални проекти и создавање на нови вредности за подобра Општина Илинден.

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Отчет 2013-2017
ilinden.gov.mk © 2013