Prijavi problem

Пуштен во употреба енергетско-ефикасен систем за греење и ладење како дел од Проектот „Енергетска ефикасност во Јавните општински установи“

Објавено на: 03.06.2015 - 15:05

Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски и градоначалникот Жика Стојановски, во Домот на култура „Илинден“, во Општина Илинден, во присуство на голем број граѓани го предадоа во употреба енергетско-ефикасниот систем за греење и ладење со користење на алтернативни, обновливи извори на енергија, кој претставува завршен сегмент како дел од Проектот „Енергетска ефикасност во Јавните општински установи“.

Општина Илинден го реализираше проектот „Енергетска ефикасност во Јавните општински установи“, во соработка со Владата на Република Македонија, преку Министерството за финансии во рамките на Проектот „Подобрување на општинските услуги“, со поддршка на Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка.

Проектот кој се реализираше со два договора за под-заем во вкупна вредност од 26 милиони денари, опфаќа вградување на енергетско-ефикасни системи за греење и ладење во објектите на: Основното училиште „Гоце Делчев“, Детската градинка, Домот на култура „Илинден“, на вкупна површина од 7.000 метри квадратни.

Целта на овој проект е подобрување на условите за работа во областите на образованието, згрижување на децата од предучилишна возраст и Културата, односно во училиштата, детската градинка и Домот на Култура.

-Ми причинува посебно задоволство кога присуствувам во општини во кои постојано нешто се работи, постојано се подготвуваат нови и нови проекти. Градоначалникот и Општината Илинден вадат максимум од своите можности да направат што повеќе и што подобро за своите граѓани. Затоа, многу е полесно да му се помогне на оној кој што се труди, кој сака и кој знае да работи. Градоначалникот Стојановски и Општина Илинден во последните неколку години покажаа и докажаа како се работи посветено за своите граѓани, истакна во своето излагање пред присутните министерот Мисајловски.

Притоа, тој додаде дека соработката на Општината со Владата е одлична. Се редат добри и успешни проекти, а Општина Илинден прераснува во една од општините кои што имаат најбрз раст и развој.

-Проектот што денес го одбележуваме е уште еден доказ за ваквите трендови. Со поддршка на Владата на Република Македонија, Општина Илинден успешно го реализираше Проектот за енергетска ефикасност во јавните општински установи. Општината доследно ја следи Стратегијата за одржлив развој на Владата на Република Македонија, и со имплементацијата на овој проект придонесува во одржувањето на локалниот економски и социјален развој.

Во изминатиот период Општина Илинден прерасна во една од водечките општини по бројот на домашни и странски инвестиции. Ваквата состојба пред се се должи на промоцијата на Владата за привлекување на нови инвеститори, но и промоциите на самата општина во привлекувањето на инвеститорите, која благодарејќи на тоа успеа да ја намали невработеноста која во 2008 година изнесуваше 38 проценти, на 15 проценти на крајот на минатата година,  за што и честитам, додаде министерот Мисајловски. 

-Со примена на енергетско-ефикасни системи за греење и ладење, со искористување на топлината на подземните води, се постигнуваат заштеди до 40 проценти од трошоците за електрична енергија и енергенси за затоплување, со што се овозможува подобрување на условите во образованието и образовниот процес, квалитетни услови за детска заштита, создавање на услови за развој на културата и културното живеење во Општината, како и заштита на животната средина, истакна во своето обраќање градоначалникот Стојановски.

Тој додаде дека Општина Илинден e една од првите општини во нашата земја што почна со примена на алтернативните и обновливи извори на енергија во јавните општински објекти, а искуствата од успешната имплементација на првиот проект од ваков вид беше поттик Општината целосно да се посвети на енергетската ефикасност.

- Согласно својата Стратегија за енергетска ефикасност, Општина Илинден дополнително со  средства од Буџетот на Општината, инвестираше во изградба на нов високо енергетско-ефикасен објект за Средно Општинско Стручно Училиште-Илинден, со иновативен пристап и воведени нови технологии и еколошки материјали, греење и ладење со искористување на топлинската енергија од подземните води, при што заштедата на енергија достигнува до 60 проценти, додаде градоначалникот Стојановски.

Притоа, тој искажа благодарност до Владата на Република Македонија и посебно до Претседателот Никола Груевски, за досегашната несебична помош и поддршка што Општина Илинден ја добива во реализацијата не само на овој, туку и на многу други проекти.

Министерот Мисајловски го искористи престојот во општината да ја посети и Општинската библиотека „Илинден“.

 

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Спортски викенд „Илинден 2017“
ilinden.gov.mk © 2013