Prijavi problem

Предадена во употреба фекална канализација со пречистителна станица во Кадинo, Општина Илинден

Објавено на: 15.08.2015 - 18:07

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски и градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски на свечен начин, во присуство на поголем број граѓани предадоа во употреба нов сегмент од фекалната канализација во Кадино, кој опфаќа изградба на пречистителна станица со капацитет од 1250 еквивалент-жители и канализациски систем во должина од 3.300 метри.

Вкупната вредност на овој проект изнесува 25 милиони денари, од кои 15 милиони денари финансирани од Буџетот на Општина Илинден, и 10 милиони денари средства преку Министерството за транспорт и врски.

Со изградбата на овој сегмент од фекалната канализација со кој се решава проблемот со отпадните фекални води на 330 домаќинства од населеното место Кадино, Општина Илинден продолжува со реализација на капиталниот проект „Изградба на фекална канализација за прифаќање, одведување и третман на отпадните води“.

Обраќајки им се на присутните премиерот Никола Груевски истакна дека му причинува  задоволство да присуствува во општини во кои постојано нешто се работи.

-Отсекогаш ми било задоволство да престојувам во општини каде што постојано се подготвуваат нови проекти, постојано се инвестира и им се излегува во пресрет на барањата и потребите на граѓаните. Се радувам што со денешната посета можеме заеднички да ја продолжиме низата на успешни проекти во Општина Илинден. Изградбата на канализациониот систем и пречистителната станица во Кадино е уште едно од нашите ветувања кое што денес можеме да го означиме како реализирано. Тоа е резултат на заедничката соработка на Владата и градоначалникот, дел од инвестицијата е на Владата, дел на општината и заеднички граѓаните добиваат. Така е кога се има слога, кога се има соработка, кога се сака да се направи нешто добро и кога се имаат заеднички цели, истакна премиерот Груевски.

Тој додаде дека од сите области најважна е отворањето на нови работни места и привлекувањето на нови инвеститоро. Затоа, како што рече, му е посебно мило тоа што во изминатиот период Општина Илинден прерасна во една од водечките општини по бројот на домашни и странски инвеститори во Македонија.

-Во последните 10 години во локалните економски зони во Општина Илинден успешно се остварија над 160 инвестиции од кои 30 странски инвестиции. Инвестицискиот циклус продолжи и минатата година кога беа пуштени во употреба повеќе новоизградени објекти, а истиот трае и годинава. Новите капацитети значат и нови работни места во Општина Илинден. Како податок би истакнал дека невработеноста во 2008 година во Општина Илинден изнесуваше огромни 38 %, додека на  крајот на минатата 2014 година  овој процент е повеќе од двојно намален и денес изнесува околу 15 %. Тоа е огромен успех. Со новите инвестиции очекуваме овој процент и натаму да се намалува, додаде премиерот Груевски.

-Општина Илинде е пример како треба да се работи, да се гради и да се создаваат услови за економски перспективна општина. Во јуни овде во Општина Илинден го предадовме во употреба системот за енергетска ефикасност во јавните општински установи. Тоа доволно говори дека како Влада целосно сме посветени на реализација на проекти во Општина Илинден. Секогаш сме подготвени да им излеземе во пресрет во реализацијата на проектите кои се иднината на државата, истакна министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, обраќајки им се на присутните.

Градоначалникот Жика Стојановски истакна дека е особено среќен што реализацијата на овој проект е плод на успешната соработка со Владата на Република Македонија и Министерството за транспорт и врски. Впрочем, како што рече тој, континуираната успешна соработка со централната власт во изминатите години придонесе во Општина Илинден да се реализираат голем број на проекти во областа на патната и комуналната инфраструктура, образованието, културата, спортот, проекти во делот на детската заштита, здравството...

-Токму затоа, сакам да го искористам моментот и да искажам благодарност до Владата на РМ и Претседателот на Владата, г-дин Никола Груевски за поддршката и големиот придонес во развојот на Општина Илинден и подобрувањето на квалитетот на живеење во сите 12 населени места, истакна Стојановски.

Канализацискиот систем во Кадино е ставен во функција, а во моментот во тек е приклучување на домаќинствата, досега се приклучени 55 корисници, при што интензивно се работи на приклучување на нови, планирано е до крајот на овој месец и почетокот на идниот да бидат реализирани сите приклучоци.

Приклучувањето на домаќинствата на фекалната канализација е бесплатно, и го извршува општинското јавно претпријатие ЈКП „Водовод“- Илинден кое ќе стопанисува со  системот.

Исто така, во завршна фаза е изградбата на сегментот 7 од фекалната канализација во населба Илинден, каде што се вградени канализациски цевки во должина од 3.200 метри и пречистителна станица со капацитет 1250 еквивалет-жители. Во моментот се работи на изградба на 6 препумпни станици, а се планира до средината на месец септември да се отпочне со приклучување на домаќинствата и на овој сегмент од фекалната канализација.

 

Досега комплетно е изграден и предаден во употреба првиот сегмент од фекалната канализациска мрежа во Марино, на која се приклучени 330 семејства.

Со изградбата на овие три сегменти ќе се овозможи одведување на фекалиите од 1.000 домаќинства со околу 4.000 жители. Ова е концептот што го спроведува Општина Илинден со примена на мали пречистителни станици за прифаќање, третман и одведување и на отпадните води.

Вкупната инвестиција во овие 3 системи за прифаќање, третман и одведување на отпадните води во Општина Илинден изнесува 100 милиони денари.

Премиерот Никола Груевски го искористи престојот во Општина Илинден заедно со својот домаќин, градоначалникот Жика Стојановски да го посетат основното училиште „Браќа Миладиновци“ во населено место Миладиновци, каде што се изградени две нови училници, а во тек е реконструкцијата на покривот, како и на самото место да се запознаат како тече изградбата на новата амбуланта во ова населено место, со чија изградба ќе се овозможат квалитетни здравствени услуги за жителите од Миладиновци, Бујковци, Мршевци, Бучинци, Текија и Дељадровци.

 

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Спортски викенд „Илинден 2017“
ilinden.gov.mk © 2013