Prijavi problem

Општина Илинден успешно ја реализираше акцијата „Македонија без отпад 2013“

Објавено на: 05.10.2013 - 10:49

Oпштина Илинден и годинава успешно ја реализираше големата еколошка акција Македонија без отпад“ со расчистување на отпадот на две локации. Се чистеше крај локалниот пат кај излезот од Миладиновци кон автопатот, меѓу пругата и патот, како и во локалната економска зона Марино-Кадино.

Во акцијата што започна во 08:00 часот покрај граѓаните на Општина Илинден се вклучија и вработените во општинската администрација, јавните претпријатија, како и невладините организации. Во расчистувањето беа употребени и специјални возила за собирање и транспорт на отпадот.

Реализацијата на овој проект има за цел да го исчисти отпадот што се наоѓа на несоодветни места во околината, да развие свест кај граѓаните за правилно управување со отпадот и да развие механизми за поддршка на граѓаните, општините и другите засегнати групи за подобро да се справат со неорганизираното и незаконско фрлање отпад во нивните заедници.

Активно учество во акцијата земаа и училиштата, кои во текот на минатата недела реализираа повеќе активности како расчистување на училишните дворови и садење на цвеќиња. 

Акцијата „Македонија без отпад“ денеска се спроведува на територија на целата држава во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање и Асоцијацијата за чиста животна средина „Ајде Mакедонија“.

 

...ubavo sraboteno i

...ubavo sraboteno i zamisleno,samo za kogo i koj narod?.Sto lugje da chistat i da vodat red eden BUDALA da rasipuva ..se e dzabe.Samo rigorozni kazni i dosledno sproveduvanje na zakonot so dezurstva na inspekcijskite sluzbi i vo vikendite koga najpovekje se narushuva zakonot a so toa i mirot na gragjanite..!Na sto lici vozduhot(ako e toa vozduh za dishenje po vikendite?.Chad od otpaden materijal koj mirisa na pamuk,volna,guma,PVC...prst pred oko ne se gleda,fekalii po pat i pred sekoja porta..a seto toa go vdishuvame i BOLEST fakjame.Svest ke kazete i napisete....NESVEST i bolest se dobiva od vakvi pojavi!.SRAMOTA.

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

„Најдобриот работник“ во Општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013