Prijavi problem

Одбележување на патрониот празник "Илинден 2-ри Август“

Објавено на: 17.07.2019 - 08:21

На 28.07.2019 година (недела) со почеток во 20:30 часот, во амфитеатарот на паркот „Галерија на отворено“, пред Домот на култура „Илинден“, во населба Илинден. под мотото "Со Илинден традицијата продолжува“, на свечен начин ќе биде одбележан патрониот празник на Општина Илинден "Илинден 2-ри Август“ и националниот празник на македонскиот народ.

Одбележувањето на Денот на Општината ќе биде збогатено со настап на групата Некст Тајм.

Во рамките на одбележувањето на патрониот празник  на 27 јули (сабота) и 28 јули (недела) 2019 година, по 11-ти пат ќе се одржи традиционалниот Спортски викенд „Илинден 2019“, на кој се очекува да учествуваат над 700 спортисти кои ќе се натпреваруваат во повеќе спортови: велосипедизам, шах, атлетика-трчање,  тенис, баскет и голем фудбал.

Централен настан Спортскиот викенд ќе биде традиционалната професионална велосипедска трка во должина од 100 километри „Трофеј Илинден 2019”, која што е влезена во календарот на велосипедски трки на Велосипедската федерација на Македонија и се бодува за купот на нашата земја. И оваа година „Трофеј Илинден 2019” ќе има интернационален карактер бидејќи се очекува да учествуваат над 70-на велосипедисти од неколку држави, кои ќе се натпреваруваат во повеќе категории: сениори, мастерс, кадети, јуниори, жени, У15 и У13.

Стартот на трката е закажан за 27 јули (сабота) во 16:00 часот пред Спортската сала „Гоце Делчев“.

Во чест на патрониот празник на 24 јули (среда) од 09:00 до 14:00 часот во Домот на култура „Илинден“ ќе се реализира традиционалната крводарителска акција.

Одбележувањето на денот на Општината ќе биде збогатено со отворање на изложба на ликовниот уметник Снежана Колевска.

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Заврши литературната манифестација Илинден 2019
ilinden.gov.mk © 2013