Prijavi problem

Од 1 септември се воведува средно образование во Општина Илинден

Објавено на: 02.04.2013 - 09:30

 

Стартот на новата учебна година во Општина Илинден ќе биде одбележан со уште еден голем успех во областа на образованието. Од први септември годинава, благодарејќи на изградбата на новото модуларно училиште, во Општина Илинден за прв пат се воведува средно образование.

Во новото средно стручно училиште „Илинден“, согласно Конкурсот за запишување на учениците во јавните средни училишта за учебната 2013/2014 година издаден од Министерството за образование, ќе се запишат 68 ученици во две паралелки за електортехничка струка. Од нив половина ќе можат да се запишат во паралелката за електротехничар за електроника и телекомуникации и 34 ученици за електроничар за компјутерска техника и автоматика.  

Учениците ќе можат да конкурираат за запишување во средното училиште „Илинден“ со минимум 55 поени. Пријавувањето ќе се одвива во два уписни рока, јунски и августовски, со две пријавување во јунскиот и едно пријавување во автустовскиот рок.

Изборот на насоките што ќе се реализираат во новото средно училиште е резултат на успешната соработка на локалната самоуправа и бизнис секторот во Општината. По сеопфатната анализа за потребите од соодветни кадри за стопанството во Општината произлезе изборот на средното училиште кое ќе профилира кадри кои што веднаш по завршувањето ќе бидат оспособени да се вклучат во производствените процеси. Оваа практика од поодамна позната во светот, за прв пат во нашата земја се применува токму во Општина Илинден, благодарејќи пред се на добрата соработка на локалната самоуправа со бизнис заедницата.

Со воведувањето на средно образование станува реалност она што за многумина порано беше само желба, учениците да го продолжат образованието во местото на живеење, да не патуваат до другите населби и притоа да заштедат на време, а нивните родители да заштедат на финансиски средства.

 

Конкурс за запишување ученици во јавните средни училишта во учебната 2013/2014 година во Р. Македонија

 

 

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Водици 2017 во Општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013