Prijavi problem

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА: Изменување и дополнување на Урбанистички план за Илинден, Блок 13, плански период 2017-2027

Објавено на: 03.09.2018 - 12:23

Врз основа член 22 од Законот за локалната самоуправа (Сл.весник на Р.М.бр.5/02),а во врска со член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл. Весник на Р.М.бр.199/14, бр.44/15, бр.193/15, бр.217/15, бр.31/16 и бр.163/16), Градоначалникот на Oпштина Илинден го дава следното  

 

С  О  О  П  Ш  Т  Е  Н  И  Е

             

Се известуваат физичките и правните лица од конкретното подрачје опфатено со Изменување и дополнување на Урбанистички план за село Илинден, Блок 13, Општина Илинден плански период 2017-2027 , како и субјектите кои ги вршат работите од областа на заштита на животната средина ,заштита на културното наследство,заштитата и спасувањето, здавствената заштита, социјалната заштита, образованието, земјоделието, водостопанството, транспортот и врските, воздухопловството, безбедноста, јавните патишта и субјектите надлежни за изградба и одржување на сообраќајна, водоводна, канализациона, електроенергетска, телекомуникациска, топловодна и гасоводна инфраструктура, дека Градоначалникот на Општина Илинден донесе Решение за организирање

 

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА

 

По Изменување и дополнување на Урбанистички план за село Илинден, Блок13 Општина Илинден, плански период 2017-2027 Предлог план

Јавната анкета по изменување и дополнување на Урбанистички план за село Илинден, Блок 13, Општина Илинден, плански период 2017-2027, ќе се спроведе во електронска форма преку информациски систем е-урбанизам и со излагање на предлог планот на јавно место во просториите на Општина Илинден, во просториите на Дом на култура Илинден и на општинската интернет страница – www.ilinden.gov.mk

Соопштението за организирање на јавна презентација и јавна анкета е објавено во јавните гласила и во информацискиот систем е-урбанизам.

Јавната анкета ќе трае 5 (пет) работни дена од ­­07.09.2018 година до 13.09.2018 година.

Јавната презентација ќе се одржи на 12.09.2018 година (среда), со почеток во 13,00 часот во просториите на Општина Илинден.

Во споменатиот рок, заинтересираните физички и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот, субјектите кои ги вршат работите од областа на заштита на животната средина, заштита на културното наследство, заштита и спасувањетo, здравствената заштита, социјалната заштита, образованието, земјоделието, водостопанството, транспортот и врските, воздухопловството, безбедноста, јавните патишта и субјектите надлежни за изградба и одржување на сообраќајна, водоводна, канализациона, електроенергетска, телекомуникациска, топловодна и гасоводна инфраструктура можат да доставуваат забелешки и предлози на анкетни листови, во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам или во писмена форма.

Горе споменатата планска документација е изработена од  ЧИП ГРОУП ДООЕЛ Скопје со технички број 45-12/17, од декември  2017година.

 

Целта на изработка на Урбанистичкиот план

Цел на Урбанистичкиот план за село Илинден за Блок 13 – измена и дополна (плански период 2017-2027) со површина од 8.14ха, Општина Илинден е во предметниот плански опфат да се создадат услови за градба на постојните објекти, на градежни парцели кои во важечкиот УПС се само потврдени со информативна линија, заради зафакање на дел од заштитна зона на автопат.

Намената на градежните парцели во опфатот на Блок 13 е:

   Г2 – лесна и незагадувачка индустрија,

   Г3 – сервиси,

   Г4 – стоваришта

 

Планската програма се изработува на ажурирана геодетска подлога за Блок 13 со површина од 8.14ха,а врз основа на Програмата за дополнување на програмата за изработка на урбанистички планови на подрачјето на Општина Илинден за 2017г. (усвоена од Советот на Општина Илинден на ден 31.03.2017), во која е предвидено измена и дополнување на Урбанистичкиот план за село Илинден за Блок 13.

Предметниот плански опфат се наоѓа во северо-западниот дел од важечкиот Урбанистички план за село Илинден со разработка на блок 3, 4, 5, 13, 14, 24, 26, 32, 33, донесен со одлука на Советот на Општина Илинден бр.07-2660/4 од 28.10.2015 година.

 

Границите на планскиот опфат се следни:

 

На север границата на планскиот опфат се движи по осовината на автопатот А2 (делница клучка Хиподром – Миладиновци) на дел од КП 2861/1.

На исток  границата на планскиот опфат се движи по осовината на сервисната улица ул.”Новопланирана 1”на дел од КП 2861/1.

На југ границата на планскиот опфат се движи по осовината на сервисната улица ул. “Новопланирана 2” на дел од КП 2832/4.

На запад границата на планскиот опфат од осовината на сервисната улица ул. “Новопланирана 2” на дел од КП 2832/4, ја сече КП 1816/1 и завршува до осовината на автопатот на дел од КП 2861/1.

 

Прекршни точки на планскиот опфат се следни:

 1.   X=7546446.57  Y=4650286.70           21. X=7546169.09  Y=4650353.52

 2.   X=7546441.68  Y=4650321.04           22. X=7546121.98  Y=4650340.98

 3.   X=7546435.14  Y=4650321.58           23. X=7564066.98  Y=4650327.46

 4.   X=7546425.86  Y=4650370.18           24. X=7545925.61  Y=4650297.53

 5.   X=7546415.47  Y=4650399.22           25.X=7545856.86   Y=4650283.71

 6.   X=7546414.02  Y=4650403.42           26. X=7545725.61  Y=4650259.37

 7.   X=7546404.29  Y=4650429.83           27. X=7545600.74  Y=4650238.76

 8.   X=7546344.11  Y=4650407.45           28. X=7545548.21  Y=4650230.97

 9.   X=7546279.76  Y=4650386.59           29. X=7545478.62  Y=4650221.29

10.  X=7546249.66  Y=4650377.07           30. X=7545471.01  Y=4650220.29

11.  X=7546169.09  Y=4650353.52           31. X=7545474.00  Y=4650186.38

12.  X=7546121.98  Y=4650340.98           32. X=7545474.32  Y=4650210.82

13.  X=7546066.98  Y=4650327.46           33. X=7545776.68  Y=4650210.82

14.  X=7545925.61  Y=4650297.53           34. X=7545921.44  Y=4650223.40

15.  X=7545856.86  Y=4650283.71           35. X=7546085.50  Y=4650237.91

16.  X=7545725.61  Y=4650259.37           36. X=7546169.51  Y=4650245.83

17.  X=7545600.74  Y=4650238.76           37. X=7546281.34  Y=4650255.47

18.  X=7545548.21  Y=4650230.97           38. X=7546368.68  Y=4650263.49

19.  X=7545478.62  Y=4650221.29           39. X=7546448.44  Y=4650270.49

20.  X=7545471.01  Y=4650220.29

 

Вкупната површина опфатена во рамките на опишаната граница на планскиот опфат изнесува 81448.60 м² (8,14 Ха).

Анкетните листови за учество во јавната анкета може да се подигнат во просториите на Општина Илинден, преку информацискиот систем e-urbanizam  и на општинската интернет страница.

 

ПРИЛОЗИ:

 

Урбанистички план Блок 13:

Инфраструктура - КЛИКАЈ ТУКА

Синтезен план - КЛИКАЈ ТУКА

 

Анкетен лист: КЛИКАЈ ТУКА

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Континуирано инвестираме во подобар и поквалитетен живот за сите во општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013