Prijavi problem

Известување за одбележување на патрониот празник на Општината "Илинден 2-ри Август“

Објавено на: 25.07.2017 - 13:22

На ден 27.07.2017 година (четврток) со почеток во 20:00 часот, во амфитеатарот на Домот на култура „Илинден“ во населба Илинден, под мотото "Со Илинден традицијата продолжува“, на свечен начин ќе биде одбележан патрониот празник на Општина Илинден "Илинден 2-ри Август“ и националниот празник на македонскиот народ.

Одбележувањето на Денот на Општината ќе биде збогатено со настап на реномираните македонски музичари: Драган Даутовски, Скопски дувачки квинтет на Васил Атанасов и Пламенка Трајковска секстет, кои ќе се претстават со повеќе инструментални композиции во кои преовладуваат традиционални изворни фолклорни ноти...

По повод патрониот празник во галеријата на Домот на култура „Илинден“ ќе биде поставена изложбата „Убава е Македонија“, на академскиот сликар Новица Трајковски.

Ќе ни претставува особено задоволство ако и Вие со Вашето присуство го збогатите овој настан и сите заедно да го прославиме националниот празник на македонскиот народ и патрониот празник на  Општина Илинден.

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Спортски викенд „Илинден 2017“
ilinden.gov.mk © 2013