Prijavi problem

Изградба на фекална канализација во Кадино

Објавено на: 28.03.2013 - 15:59

Општина Илинден продолжува со реализација на капиталниот проект Изградба на фекална канализација за прифаќање и третман на отпадните води. Во текот на денешниот ден се работеше на кракот од канализациониот систем што почнува на улица „11“ во н.м.Кадино, а чија должина изнесува 2.800 метри. Средствата за изградба на овој крак од фекалната канализација се обезбедени преку Министерството за транспорт и врски, како грант од Европска инвестициона банка.

По изградбата и предавањето во употреба на првиот сегмент од фекалната канализација во должина од 5.700 метри, со пречистителна станица за 1.250 екв/жители во н.м. Марино, градежните екипи се насочени кон изградба на два сегмента од канализациониот систем во н.м. Кадино и нас. Илинден.

Градежните активности ги следеше и градоначалникот Жика Стојановски кој се запозна со текот на градежните работи и заедно со изведувачите и претставниците од Министерството за транспорт и врски ја мина цела траса по која ќе биде изграден овој крак од канализациониот систем во Кадино. 

Во ова населено место досега се изградени 1.146 метри од канализациониот систем. Веќе се набавени и две пречистителни станици што ќе бидат инсталирани во Илинден и Кадино, со што ќе се пуштат во функција и овие два сегмента од канализациониот систем. Станува збор за пречистителни станици кои се комплетно автоматизирани и претставуаваат модуларни системи кои што зафаќаат мал простор, имаат мала потрошувачка на електрична енергија и можат да се надградуваат во согласност со зголемувањето на капацитетот на еквивалент жители. Прочистената вода е со висок квалитет и може да се користи за наводнување на површините.

Целиот систем за прифаќање и третман на отпадните води на територијата на Општина Илинден се состои од 24 сегменти, кои што се целосно независни еден од друг.

 

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

ИНВЕСТИЦИСКИТЕ ПАТИШТА ВОДАТ КОН ОПШТИНА ИЛИНДЕН
ilinden.gov.mk © 2013