Prijavi problem

Изградба на фекална канализација и пречистителни станици

Објавено на: 06.10.2016 - 12:11

Во рамките на реализацијата на проектот за изградба на фекална канализција и пречистителни станици, во тек е изградба на Пречистителна станица со капацитет од 1.250 е/ж и на систем за зафаќање и третман на отпадни води во н.м.Марино, припадна површина 1, во должина од 4.000 метри.

Проектот има за цел изградба на систем за прифаќање, третман и за одведување на отпадните фекални води од домаќинствата и од стопанските објекти во Општина Илинден.

Вкупната инвестиција за реализацијата на овој проект со кој ќе бидат опфатени 330 домаќинства изнесува 25 милиони денари.

Системот за прифаќање и третман на отпадните фекални води на територијата на Општина Илинден почна да се гради во 2008 година. Досега се изградени 3 сегменти од фекалната канализација, во Марино, Кадино и во Илинден, кои опфаќаат 1.000 домаќинства, односно 4.000 жители, а вкупната инвестиција за овие сегменти изнесува 100 милиони денари.

Системот се состои од повеќе сегменти коишто работат независно еден од друг, што претставува предност, бидејќи сегментите можат да се градат во зависност од расположливите финансиски средства.

Со оглед на тоа што станува збор за скапа инвестиција, за чие остварување е потребен подолг временски период, во нејзината реализација приоритет имаат населените места со повисоко ниво на подземните води.

Имплементацијата на овој значаен проект е еден од приоритетите во стратешките цели на Општина Илинден и претставува капитална инвестиција. Инвестирањето во комуналната инфраструктура е од витално значење за локалниот економски развој, подобрувањето на инвестициската клима и квалитетот на живеење во Општината.

Со изградбата на фекалната канализација со пречистителни станици се придонесува за поквалитетен живот на граѓаните и заштеда во домашниот буџет за средствата кои што граѓаните ги плаќаа за чистење на септичките јами, како и заштита на животната средина.

Пречистителните станици се комплетно автоматизирани и претставуваат модуларни системи што зафаќаат мал простор, имаат мала потрошувачка на електрична енергија и може да се надградуваат во согласност со зголемувањето на капацитетот на еквивалент жители.

Ова е концептот што го спроведува Општина Илинден со примена на мали пречистителни станици за прифаќање, третман и одведување на отпадните води.

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

ИНВЕСТИЦИСКИТЕ ПАТИШТА ВОДАТ КОН ОПШТИНА ИЛИНДЕН
ilinden.gov.mk © 2013