Prijavi problem

Изградба на фекална канализација

Објавено на: 27.08.2019 - 15:43

Во населба Илинден во тек е изградба на канализациски систем  на улицата „13“  и дел од улица „19“ во должина од 600 метри, припадна површина 7. Со изградбатa на овоj канализациски систем во рамките на кој се изградени 3 препумпни уреди и инсталирани 14 шахти се овозможува приклучување на приближно 60 домаќинства.

Овие улици се наоѓаат во најнискиот дел од населбата и со системот се опфаќаат домаќинства кои што фекалните води ги испуштаат во непрописно и лошо изградени септички јами од кои што и при најмали врнежи и високо ниво на подземни води доаѓа до излевање и поплавување на имотите на овие граѓани, што претставува жариште на потенцијални заразни болести.

Kапиталниот проект на Општина Илинден -Изградба на фекална канализација и пречистителни станици, има за цел изградба на систем за прифаќање, третман и одведување на отпадните фекални води од домаќинствата и стопанските објекти.

Во рамките на реализацијата на Проектот досега се изградени 4 сегменти од фекалната канализација, со 4 пречистителни станици на 4 локации, во 3 населени места, кои опфаќаат 1.500 домаќинства и канализациски систем во должина од над 20.000 метри.

Во наредниот период ќе се продолжи со изградба на канализациски систем во населено место Кадино, како и изградба на пречистителна станица во населено место Миладиновци.

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Инвестициските патишта водат кон општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013