Prijavi problem

Форум за Локален економски развој на Општина Илинден

Објавено на: 20.11.2019 - 14:23

Општина Илинден го организираше 13-от Форум за Локален економски развој под мотото „Инвестициските патишта водат кон општина Илинден“, на кој учествуваа повеќе од 130 компании, кои стопанисуваат или се со седиште на територија на општината.

Форумот го отвори градоначалникот на Општина Илинден Жика Стојановски, и пред присутните стопанственици ги промовираше силните страни на општина Илинден, како инвестициска дестинација, со тенденција брзо да напредува, расте и се развива, со потенцијал и квалитет да се движи напред со пропулзивниот ритам на инвестициите.

- Водечките индикатори за одржлив локален економски развој покажуваат зголемување на бројот на инвестиции, отворање на нови, реални, слободни работни места и зголемување на вработеноста, со што продолжува инвестицискиот циклус карактеристичен за општина Илинден. Новите членови на бизнис семејството кои во изминатите години ги реализираа своите инвестиции во Општина Илинден, го следат континуитетот на инвестицискиот циклус во кој од 2008 година до денес реализирани се вкупно 190 инвестиции, од кои 37 странски директни инвестиции (СДИ), што придонесе невработеноста во општината која во 2008 година изнесуваше 38%, континуирано да се намалува и денес изнесува 5%, вклучувајќи ги и пасивните баратели на работа.

-Веруваме дека, бизнисите играат клучна улога во економијата, секој член на бизнис секторот заслужува економија која му овозможува на секој поединец да успее преку напорна работа и креативност и да води исполнет и достоинствен живот. Најголемите работодавци инвестираат во своите локални заедници затоа што знаат дека тоа е единствениот начин за успех на долг рок.

-Имаме јасна визија, Општина Илинден да прерасне во урбана, атрактивна и конкурентна општина во регионот и пошироко, со создадени услови за одржлив економски и социјален развој, како и квалитетен живот на населението. Општина Илинден е препознатлива, потврдена, економски силна, урбана општина со современи услови за живеење и стопанисување, каде што образованието, знаењето и ИКТ се императив за растечкиот стандард на човечкиот капитал. Општина Илинден е јавен сервис на граѓаните, кои преку осовременувањето на инфраструктурата, промоција на еколошките технологии, ги исполнува европските стандарди за деловната клима и го стимулира социо-економскиот развој во општината.

 

-Засилувањето на локалната демократија, граѓанското учество, развојот на човечкиот капитал и одржливиот приход на граѓаните на општината се приоритети во општинското работење. Затоа се вложуваат сите напори за транспарентност, отчетност, финансиска стабилност и ефективност во извршувањето на општинските услуги.

-Одржливиот развој претставува постојан, континуиран процес којшто вклучува подобрување на интеграцијата на економските, социјалните и аспектите на заштита на животната средина. Оттука се и предизвиците за правилен избор на областите на развој и надлежностите во кои е можно да се постигнат најголеми ефекти.

-Започнатите и успешно завршените проекти отвораат порти со полиња за поставување нови цели и изнаоѓање креативни решенија. Сето ова бара стратешки пристап, постојано вложување напори, искористување на постоечките и создавање можности за нови ресурси, како и проширување на целните групи спроведувачи и корисници.

-Трансформацијата на административните процеси и процедури, односно начинот на кој владините институции и локалните самоуправи комуницираат со граѓаните, со бизнис секторот и меѓу себе, претставува реформска задача којашто треба да им даде живот на техничките решенија.

-Подобрување и модернизирање на патната, комуналната и енергетската инфраструктура,  подобрувањето на квалитетот на услугите, намалувањето на сиромаштијата остануваат наши приоритети како перспективи за натамошен развој, овозможување подобри услови за живеење, подобрување на животниот стандард и квалитетот на животот на граѓаните на општина Илинден истакна градоначалникот Стојановски.

Во сферата на Локалниот економски развој, како признание за успешно делување и соработка помеѓу бизнис секторот и локалната самоуправа, како и за успешно усвојување и реализаација на планови и програми за  креирање на повлна деловна клима, општина Илинден доби Златна награда и признание „GLOBALLOCAL“ за креирање на добар амбиент за развој на претприемништвото во Средна и Југоисточна Европа за 2019 година во категоријата најдобри локални заедници. Ова престижно признание беше врачено на свеченоста во рамките на светскиот конгрес на претприемачи, што се одржа во Скопје.

Општина Илинден се стекна и со сертификат за креирање на добра деловна клима BFC CEE (Business Friendly Certification in South East Europe), пштина со поволно бизнис опкружување во југоисточна европа. во рамки на регионалната конференција за промоција на поволно бизнис опкружување во Југоисточна Европа , што се одржа во Белград.

Градоначалникот овие награди и признанија им ги честиташе на членовите на бизис секторот, претприемачите од Општина Илинден.

Пред присутните членови на Форумот во делот на транспарентност, отчетност, финансиска стабилност и ефективност во извршувањето на општинските услуги се презентираше реализацијата на општинскиот буџет како и се почија предлог проекти од јавен интерес кои можат да се реализираат со примена на концептот на корпоративна општествена одговорност. 

На Форумот се обратија и повеќемина стопанственици, кои посочија дека Општина Илинден е позитивен пример во нашата држава која преку воспоставеното партнерство и соработка меѓу јавниот, приватниот (бизнис) и граѓанскиот сектор, создава услови за забрзан и оддржлив економски раст, отворање на нови работни места, воспоставува и одржува динамична претприемачка култура и квалитетни услови за живеење.

Од страна на бизнис секторот, претприемачите на Форумот беше посочена нивната заложба за поголема општестевена одговорност кон локалната заедница и активно да се вклучат во реализација на проекти од јавен интерес и јавно добро.

Токму како еден таков пример за соработка во рамки на Форумот за ЛЕР беше и потпишувањето на договорот помеѓу Општина Илинден и ОКТА Рафинеријата за нафта, со кој водоснабдителниот систем на ОКТА се предаде на трајна сопственост на Општина Илинден. Придобивки од овој договор се во зголемување на капацитетите за водоснабдување како и модернизирање и проширување на водоводниот систем, се со цел обезбедување на стабилен и оптимален притисок на чиста, квалитетна и здрава вода за пиење.

 

 

Директен ЛИНК до видеото

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Граѓаните на општина Илилнден активно вклучени во креирањето на буџетот за 2020 година
ilinden.gov.mk © 2013