Prijavi problem

Донесени нови урбанистички планови за Илинден, Марино и Кадино со вкупна површина од 700 хектари

Објавено на: 22.12.2015 - 08:27

Советот на Општина Илинден ги донесе новите урбанистички планови за Илинден, Маринo и Кадино со вкупна површина од 700 хектари.

Со новиот урбанистички план за населба Илинден, чија што површина на плански опфат изнесува 357,38 хектари, со разработка на блок 3, 4, 5, 13, 14, 24, 26, 32, 33  се предвидуваат  следните класи на намени: домување, комерцијални и деловни намени, јавни институции, лесна и незагадувачка индустрија, зеленило и рекреација и инфраструктура.

Со цел да им излезе во пресрет на барањата на своите граѓани, но и на потенцијалните домашни и странски инвеститори, а согласно стратегијата за локален економски развој, Општина Илинден е насочена кон урбанизирање на просторот. Во изминатиот период донесени се урбанистички планови за Марино, чија што површина на плански опфат изнесува 204,39 хектари и за Кадино чија што површина на плански опфат изнесува 135,5 хектари, со што вкупно, со новиот урбанистички план за Илинден, досега се урбанизирани 697,27 хектари, што е од огромно значење во имплементирањето на визијата за развојот на Општината во наредните 50 години.

Во функција на локалниот економски развој, со носењето на урбанистичките планови за Илинден, Марино и Кадино се овозможија нови 3.000 неизградени градежни парцели за индивидуално домување во семејни куќи. Ова се вклопува во концептот на Општина Илинден за ефтини градби за жителите кои што сакаат да изградат сопствени домови.

Со донесувањето на новите урбанистички планови се овозможува граѓаните да можат да ги прибават потребните одобренија за градење, за доградби, надградби, реконструкции на своите објекти, како и вклопување на веќе легализираните објекти. Покрај другото, со оттуѓувањето на државно градежно земјиште се овозможува привлекување на нови инвестиции, а со тоа и забрзан одржлив економски развој и отворање на нови работни места. Исто така, се овозможува побрз развој преку подигање на стандардот на културно-образовните и спортски објекти и решавање на проблемот со атмосферски води и регулирање на отворените одводни канали.

Општина Илинден ќе се залага за доследно спроведување на урбанистичките планови, поради што им препорачува на инвеститорите, архитектите, геодетите, проектантите и останатите учесници како партнери во реализацијата на урбанистичките планови, внимателно да пристапуваат кон нивната реализација, да ги следат намените и максимално да ги почитуваат одредбите од донесените планови.

Општина Илинден интензивно работи и на донесување на општи акти за урбанизација на другите 9 населени места чија што вкупна површина на плански опфат изнесува 560 хектари.

Урбанистичките Планови можете да ги погледнете ТУКА

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

ЛИТЕРАТУРНА МАНИФЕСТАЦИЈА „ИЛИНДЕН 2018“
ilinden.gov.mk © 2013