Prijavi problem

Донесен ребалансот на Буџетот на Општина Илинден за 2019 година

Објавено на: 30.09.2019 - 15:32

Советот на општина Илинден на својата 27 седница ги изгласа и усвои измените и дополнувањата на Буџетот на Општина Илинден за 2019 година.

 

Водејќи се кон подобрување на условите за живеење и создавање на одржлив рамномерен развој, Советниците со констуктивна дискусија едногласно го усвоија ребалансот на Буџетот на Општина Илинден за 2019 година, со што се наменија средства за реализација на капитални инвестиции во делот на: Подобрување на патната инфраструктура (изградба, реконструкција, санација и рехабилитација на локални улици и патишта), Изградба на детска градинка во Миладиновци и згрижување на деца од предучилишна возраст, Изградба на фекална канализација со пречистителни станици како и средства во делот на спорт и рекреација.

Инаку ребалансот на Буџетот на Општина Илинден за 2019 година се јави како реална потреба согласно остварените приходи во Буџетот на општината, по основ на зголемен број на даночни обврзници – изградени и пуштени во употреба нови стопански објекти и нови станбени објекти како и зголемен приход по основ на Надомест за уредување на градежно земјиште како резултат на зголемениот интерес за градба на нови објекти.

 

 

 

ПРИЛОГ (ПДФ)Буџет на Општина Илинден за 2019 година-Измени и дополна

Архива: Финансиски извештаи

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Инвестициските патишта водат кон општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013