Prijavi problem

Имплементиран стандардот ISO 9001:2008

Објавено на: 20.10.2016 - 11:55

Во насока на имплементирање на ефикасни јавни услуги за потребите на граѓаните и стопанството, Општина Илинден продолжува успешно во своето работење да го спроведува стандардот ISO 9001:2008.

Овој меѓународен сертификат за имплементација на Системот за менаџмент за квалитет се однесува во делот на извршување на услуги во надлежност на локалната самоуправа, што Општина Илинден, како една од првите општини во Република Македонија, го доби на 28 јули 2010 година.

Со имплементирањето на меѓународниот ISO стандард во работењето на Општината, што е продолжен до 2016 година, се овозможи создавање на современа и комплетна инфраструктура и ефикасни јавни услуги за потребите на јавниот и приватниот сектор.

Тоа го потврди и редовната проверка за функционирањето на примената на сертификатот во секојдневното работење на општинската администрација, спроведена од станата на претставник од Словенечкиот институт за квалитет и методологија –SIQ при што беше констатирано дека сисетмот се имплементира и надградува со функционирањето и развојот на Општина Илинден.

Со имплементацијата на стандардот ISO 9001: 2008 се придонесува граѓаните на Општина Илинден да добиваат навремена и квалитетна услуга, а истовремено се подобруваат и организационите можности, ефикасното искористување и управување на човечките ресурси во локалната администрација. Имплементирањето на ISO стандардот истовремено овозможи идентификување и навремено реализирање на потребите и очекувањата на граѓаните, со што на ефективен и ефикасен начин се реализираат, одржуваат и подобруваат општите перформанси и можности за одржлив развој на општината.

Зајакнувањето на локалната демократија, граѓанското учество, развојот на човечкиот капитал и одржливиот приход на граѓаните на општината остануваат приоритети во општинското работење. Затоа, се вложуваат сите напори за транспарентност, отчетност, финансиска стабилност и ефективност во извршувањето на општинските услуги, со што преку имплементирањето на меѓународниот стандард ISO 9001:2008 за управување со системот за квалитет се поставуваат нови стандарди во локалното раководење.

Прилог:

Прирачник на квалитет

 

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Спортски викенд „Илинден 2017“
ilinden.gov.mk © 2013