Prijavi problem

Граѓаните учествуваат во креирањето на Буџетот за 2016 година

Објавено на: 25.12.2015 - 13:55

Во рамките на планирањето на Буџетот за 2016 година, во организација на Општина Илинден се одржа Буџетски форум на кој граѓаните имаа можност со своето партиципативно учество да придонесат во креирањето на Буџетот, преку посочување на приоритетните проекти во нивните населени места. 

Градоначалникот на Општина Илинден, м-р Жика Стојановски, заблагодарувајќи им се на присутните за учеството на Форумот посебно го истакна значењето на граѓанското учество во креирањето на буџетот.

- Граѓанското учество е неопходно во креирањето на буџетот зошто граѓаните во нивните населени места најдобро знаат кои им се приоритетите во насока на подобрување на квалиетот на животот.  Проблеми секогаш имало, има и ќе има, но затоа ние сме тука да изнаоѓаме решанија. Решенијата некогаш се поедноставни, бараат помалку фианнсиски средства, но има и проекти кои што бараат повеќе средства. Затоа, целта е со подобра распределба на средствата да постигнеме поголем ефект. Тоа ќе го направиме со ваше директно учество како и досега, истакна градоначалникот Стојановски.

Тој додаде дека Буџетот располага со ограничени средства, па затоа во рамките на можностите тие треба оптимално да се искористат, за што е неопходно да се дефинираат приоритетите.

Со реализацијата на овој Форум што се одржа во Средното општинско стручно училиште „Илинден“, Општина Илинден уште еднаш ја искажа својата транспарентност, излегувајќи им во пресрет на барањата на граѓаните да учествуваат во креирањето на Буџетот за следната година.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Водици 2017 во Општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013