Prijavi problem

Градоначалник на Oпштина Илинден

Објавено на: 27.11.2017 - 13:53

Градоначалник на Oпштина Илинден

м-р Жика Стојановски

 

 

Жика Стојановски е роден на 9 ноември, 1963 година, во Куманово. Дипломирал на  Машинскиот факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и се стекнал со звање Дипломиран машински инженер. Магистрирал на Економскиот факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, со што ја добил академската тутула Магистер по економски науки. 

Како машински инженер работел во МЗТ Опрема, Скопје, од 1996-1998  бил  технички директор во „Импласт“-Скопје, а потоа бил именуван за директор на Јавното комунално претпријатие „Илинден“. Во 2005 година, на локалните избори, за прв пат станал градоначалник на општина Илинден, потоа довербата од жителите на Општината ја добил и на локални избори, во 2009 и во 2013, како и на локалните избори во 2017 година, кога по четврти пат станува градоначалник на општина Илинден.

Во текот на овие мандати Стојановски реализирал повеќе проекти во сферата на Локалниот економски развој, посебно во формирањето на локални економски зони и реализација на инвестиции- реализирани се 180 инвестиции, од кои 33 странски директни инвестиции (СДИ) со што невработеноста во општина Илинден од 38 % е намалена на 6 %. Под негово раководење, општина Илинден се здобила со меѓународен сертификат за управување со квалитет ISO 9001:2008, добила меѓународно признаен кредитен рејтинг, како и наградата од Европската Унија за „Локален економски развој“.

Стојановски е претседател на Надзорниот одбор на ЗЕЛС во периодот 2013-2017 година .

Автор е на книгата „Управување со современите фактори на растот на локално ниво, Градење на локална самоуправа заснована на знаење“.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

ИНВЕСТИЦИСКИТЕ ПАТИШТА ВОДАТ КОН ОПШТИНА ИЛИНДЕН
ilinden.gov.mk © 2013