Prijavi problem

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА

Published on: 17.06.2020 - 15:30

Врз основа член 22 од Законот за локалната самоуправа (Сл.весник на Р.М.бр.5/02),а во врска со член 35 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл. Весник на Р.М.бр.199/14, бр.44/15, бр.193/15, бр.217/15, бр.31/16, бр. 16316 ибр.64/18,) Градоначалникот на Општина Илинден го дава следното  

С  О  О  П  Ш  Т  Е  Н  И  Е

 

Се известуваат физичките и правните лица од конкретното подрачје опфатено со Урбанистички план за село Илинден – разработка на Блок 21, измена и дополнување ( плански период 2019 – 2029 ), Општина Илинден,  Предлог план, со тех. број 01-1/19 од јуни  2020 година изработен од ЧИП ГРОУП ДООЕЛ Скопје, како и субјектите кои ги вршат работите од областа на заштита на животната средина, заштита на културното наследство,заштитата и спасувањето, здравствената заштита, социјалната заштита, образованието, земјоделието, водостопанството, транспортот и врските, воздухопловството, безбедноста, јавните патишта и субјектите надлежни за изградба и одржување на сообраќајна, водоводна, канализациона, електроенергетска, телекомуникациска, топловодна и гасоводна инфраструктура, дека Градоначалникот на Општина Илинден донесе Решение за организирање 

 

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА

 

Јавната анкета за Урбанистички план за село Илинден – разработка на Блок 21, измена и дополнување ( плански период 2019 – 2029 ), Општина Илинден,  Предлог план, со тех. број 01-1/19 од јуни 2020 година изработен од ЧИП ГРОУП ДООЕЛ Скопје, ќе се спроведе во електронска форма преку информациски систем е-урбанизам и со излагање на  предлог планот на јавно место во просториите на Oпштина Илинден, во просториите на Дом на култура Илинден, и на општинската интернет страница – www.ilinden.gov.mk 

Соопштението за организирање на јавна презентација и јавна анкета е објавено во јавните гласила и во информацискиот систем е-урбанизам.

Јавната анкета ќе трае 5 (пет) работни дена од 23.06.2020 година до 29.06.2020 година.

Јавната презентација ќе се одржи на 26.06.2020 година (петок), со почеток во 13,00 часот во просториите на Домот на култура – Илинден во н. м. Илинден.

 

Во споменатиот рок, заинтересираните физички и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот, субјектите кои ги вршат работите од областа на заштита на животната средина, заштита на културното наследство, заштита и спасувањетo, здравствената заштита, социјалната заштита, образованието, земјоделието, водостопанството, транспортот и врските, воздухопловството, безбедноста, јавните патишта и субјектите надлежни за изградба и одржување на сообраќајна, водоводна, канализациона, електроенергетска, телекомуникациска, топловодна и гасоводна инфраструктира можат да доставуваат забелешки и предлози на анкетни листови, во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам или во писмена форма.

    Горе споменатата планска документација е изработена од ЧИП ГРОУП ДООЕЛ Скопје.

 

Целта на изработка на Урбанистичкиот план

 

 

Границите на планскиот  опфат се следни:

 

  Вкупната површина опфатена во рамките на опишаната граница на планскиот опфат изнесува 8,1021 хa.

  Анкетните листови за учество во јавната анкета може да се подигнат во просториите на Општина Илинден, преку информацискиот систем e-urbanizam и на општинската интернет страница.

ПРИЛОГ:

Анкетен лист за разработка на Блок 21 УПС Илинден измена и дополнување - КЛИКАЈ ТУКА

 

ГРАФИЧКИ ПРИКАЗ:

Post new comment

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
  • Web page addresses and e-mail addresses turn into links automatically.
  • Lines and paragraphs break automatically.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

More information about formatting options

Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

„Најдобриот работник“ во Општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013