Prijavi problem

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА

Published on: 22.05.2020 - 12:59

Врз основа член 22 од Законот за локалната самоуправа (Сл.весник на Р.М.бр.5/02), а во врска со  член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл. Весник на Р.М.бр.199/14, бр.44/15, бр.193/15, бр.217/15, бр.31/16, бр. 16316 и бр.64/18,) Градоначалникот на Oпштина Илинден го дава следното  

 

С  О  О  П  Ш  Т  Е  Н  И  Е 

 

Се известуваат физичките и правните лица од конкретното подрачје опфатено со Архитектонско Урбанистички Проект за формирање на ГП во Блок 20 од УПС Марино на делови од КП 263/5, 263/7, 274/1 КО Марино вгр, со намена  Г2 – лесна и незагадувачка индустрија, Општина Илинден  според извод од УПС Марино со разработка блок 4, 6, 9, 12,  со тех. број 33-11/19 од ноември 2019 година,  изработен од ЧИП ГРОУП  ДООЕЛ Скопје , како и субјектите кои ги вршат работите од областа на заштита на животната средина, заштита на културното наследство, заштитата и спасувањето, здравствената заштита, социјалната заштита, образованието, земјоделието, водостопанството, транспортот и врските, воздухопловството, безбедноста, јавните патишта и субјектите надлежни за изградба и одржување на сообраќајна, водоводна, канализациона, електроенергетска, телекомуникациска, топловодна и гасоводна инфраструктура, дека Градоначалникот на Општина Илинден донесе Решение за организирање   

 

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА 

 

За Архитектонско Урбанистички Проект за формирање на ГП во Блок 20 од УПС Марино на делови од КП 263/5, 263/7, 274/1 КО Марино вгр, со намена  Г2 – лесна и незагадувачка индустрија, Општина Илинден  според извод од УПС Марино со разработка блок 4, 6, 9, 12,  со тех. број 33-11/19 од ноември 2019 година,  изработен од ЧИП ГРОУП  ДООЕЛ Скопје.

Јавната анкета и Јавната презентација за Архитектонско Урбанистички Проект за формирање на ГП во Блок 20 од УПС Марино на делови од КП 263/5, 263/7, 274/1 КО Марино вгр, со намена  Г2 – лесна и незагадувачка индустрија, Општина Илинден  според извод од УПС Марино со разработка блок 4, 6, 9, 12, со тех. број 33-11/19 од ноември 2020 година,  изработен од ЧИП ГРОУП  ДООЕЛ Скопје,  ќе се спроведе во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам и со излагање на  предлог проектот  на јавно место во просториите на Општина Илинден, во просториите на Дом на култура Илинден, Дом на култура Марино  и на општинската интернет страница – www.ilinden.gov.mk 

Соопштението за организирање на јавна презентација и јавна анкета е објавено во јавните гласила и во информацискиот систем е-урбанизам.

Јавната анкета ќе трае 5 (пет) работни дена од 29.05.2020 година до 04.06.2020 година.      

Јавната презентација ќе се одржи на 03.06.2020 година (среда),  со почеток во 13,00 часот во просториите на Домот на култура – Илинден, Општина Илинден.   

Во споменатиот рок, заинтересираните физички и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот, субјектите кои ги вршат работите од областа на заштита на животната средина, заштита на културното наследство, заштита и спасувањетo, здравствената заштита, социјалната заштита, образованието, земјоделието, водостопанството, транспортот и врските, воздухопловството, безбедноста, јавните патишта и субјектите надлежни за изградба и одржување на сообраќајна, водоводна, канализациона, електроенергетска, телекомуникациска, топловодна и гасоводна инфраструктира можат да доставуваат забелешки и предлози на анкетни листови, во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам или во писмена форма.

 

Горе споменатиот Архитектонско урбанистички проект е изработен од ЧИП ГРОУП ДООЛ Скопје, со тех. број 33-11/19 од ноември 2019 година.

 

Целта на изработка на Архитектонско урбанистичкиот проект: 

Целта на овој архитектонско урбанистичкиот проект е формирање на Градежна парцела со површина за градба на објекти  на дел од КП 263/5, КП 263/7, КП 274/1, КО Марино вгр. со намена Г2 – лесна и незагадувачка индустрија,  со површина од 1,16 ха, според извод од УПС Марино со разработка на блок 4, 6, 9, 12 (плански период 2014-2024) и истиот треба да биде во согласност со Законот за просторно и урбанистичко планирање  (Сл. Весник на РМ бр. 199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18),  Правилник за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање (Сл. Весник на РМ 63/12, 126/12, 19/13, 95/13, 167/13, 37/14, 125/14 и 148/14), со што би се овозможила изработка на документација (основен проект) за изградба на комплекс на градби.

 

 

Границите на проектниот опфат :   

 

 

 

 

 

Границата на проектниот опфат ги има следните координати: 

 

Вкупната површина опфатена во рамките на опишаната граница на проектниот опфат изнесува 1,16 ха (11.624,98) м2.

Анкетните листови за учество во јавната анкета може да се подигнат во просториите на Општина Илинден, преку информацискиот систем e-urbanizam  и на општинската интернет страница.

 

ПРИЛОГ: Анкетен лист за ГП во Блок 20 КО Марино - КЛИКАЈ ТУКА

 

Графички приказ:

Post new comment

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
  • Web page addresses and e-mail addresses turn into links automatically.
  • Lines and paragraphs break automatically.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

More information about formatting options

Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

„Најдобриот работник“ во Општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013