Prijavi problem

Препораки и мерки

Published on: 19.03.2020 - 12:34

Во врска со потребата од преземање дополнителни мерки и активности за превенција од ширење и спречување на внесување на Коронавирусот COVID-19, при состојба на Пандемија, состојба на ширење на заразна болест, и согласно донесените Одлуки на Владата за мерки за спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID-19, како и следење на тековите во локалната економија, Градоначалникот на Општина Илинден ги донесе следниве  препораки, мерки и решенија:

1.   Ги повикуваме сите граѓани на почитување на препораките на Владата и Главниот координативен кризен штаб  како и Министертството за здравство,  да ги сведат на минимум своите движења и да останат во своите домови како би се избегнало ширењето на вирусот;

2.  Сите лица кои влегуваат на територија на општина Илинден а доаѓаат од земји со среден и висок ризик , задолжително да останат  во самоизолација во период од 14 дена, или доколку чувствуваат одредени симптоми да се јават за проверка од страна на епидемиолози;

3.  Се препорачува на сите лица кои се дојдени последниве денови во своите викенд куќи за одмор и рекреација кои се наоѓаат на подрачје на општина Илинден, да спроведат самоизолација, или доколку чувствуваат одредени симптоми да се јават за проверка од страна на епидемиолози;

4.  Се препорачува на возрасните лица  со хронични болести да го намалат своето движење и да го избегнуваат јавниот превоз;

5.  Се препорачува до куќните совети во координација со ЈЗУ Центар за јавно здравје – Скопје, интензивно да вршат дезинфекција на заедничките простории во колективните објекти за домување – згради, во влезовите на зградите, лифтовите, подрумите и гаражите во станбените згради на територија на општина Илинден;

6.  Се  задолжуваат јавните комунални претпријатија да ги интезивираат активностите за зголемување на јавната чистота и хигиена на јавни површини;

7.  ЈКП Илинден да спроведе дезинфекција на сите улици и јавни површини на територијата на општина Илинден;

8.  Одделението за инспекциски надзор да изврши контроли над јавната чистота, хигиена и уредноста на дворовите на сопствениците, заедничките простории во колективните објекти за домување – згради, и да доставува дневни детални извештаи од извршените контроли, кои мерки се преземени, против кои лица (со име и презиме) и во кој период;

9.  Основните Општински Училиштата и Средното Општинско Училиште, во соработка со Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието и Општина Илинден, веднаш да започнат со подготовка на план и начин на спроведување на онлајн настава за учениците, и истиот јавно да го презентираат;

10. Се задолжуваат директорите на јавните општински установи да спроведат целосна дезинфекција на објектите на детската градинка, основните општински централни и подрачни училишта и средното општинско училиште;

11. Се откажуваат сите настани и активности на територија на Општина Илинден на отворени и затворени простори во период додека се на сила мерките на Владата;

12. Се затвораат сите спортските објекти и се откажуваат сите спортски настани и натпреавари на територија на општина Илинден, во период додека се на сила мерките на Владата;

13. Данокот на имот ќе пристигне за наплата во средината на месец Јули и ќе се плаќа на еднакви месечни рати, без камата, до средината на месец Декември 2020 год., за сите правни субјекти регистрирани на територија на општина Илинден и сите жители и сопственици на имот на територијата на општина Илинден;

14. Со Решението за висина на данок на имот за 2020 година, ќе биде утврдена вредност  на висина на данок на имот  за 50 % понизок, од Решението доставено за 2019 година;

15. Решенијата за комунална такса – фирмарина, кај правните субјекти регистрирани на територија на општина Илинден, ќе пристигнат за наплата во средината на месец Јули и ќе се плаќаат на еднакви месечни рати, без камата, до средината на месец Декември 2020 год.;

16. Нема да се врши исклучување на корисници на јавни услуги како и да се врши присилна наплата на граѓани кои имаат неподмирени обврски;

17. За сите завршени предмети, готови документи, граѓаните, барателите ќе бидат информирани и контактирани од страна на вработени во општинската администрација;

18. За информирање и комуникација со општинската администрација се препорачува да се користат општинските е-услуги, како и официјалните      општински мејлови: ilinden@ilinden.gov.mk, gradonacalnik@ilinden.gov.mk, info@ilinden.gov.mk, urbanizam@ilinden.gov.mk, inspektorat@ilinden.gov.mk, контакт телефоните: 02/2571703 и 02/2571704

                                                                           

                                                           Градоначалник на општина Илинден

                                                                            Жика Стојановски      

                                                                       Илинден, 18 Март 2020

Post new comment

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
  • Web page addresses and e-mail addresses turn into links automatically.
  • Lines and paragraphs break automatically.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

More information about formatting options

Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

„Најдобриот работник“ во Општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013