Prijavi problem

„Саем на домашно вино“ во Општина Илинден

Published on: 13.02.2020 - 10:58

На 14 февруари, со почеток во 9:00 часот во населеното место Ајватовци, во Општина Илинден по седми пат ќе се одржи традиционалниот „Саем на домашно вино“. На овој своевиден вински фестивал на којшто ќе учествуваат повеќемина винопроизводители од Општина Илинден ќе биде извршен избор на најдобро домашно приготвено вино на традиционален начин. Изборот ќе го извршат членовите на „Вински витези“ од Македонија - здружение кое што се грижи за промоција на македонското вино и на македонската култура.

Саемот на виното се одржува во рамките на одбележувањето на големиот верски празник Свети Трифун и празникот на лозарите. Свеченоста ќе почне во 8.00 часот со Божествена литургија во црквата „Свети Трифун“, што ќе ја одржат свештеници од Македонската православна црква-Охридска архиепископија. По ова ќе следува  симболично закројување на лозовите насади со што ќе биде означен почетокот на годинешниот Саем на домашно вино.

Post new comment

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
  • Web page addresses and e-mail addresses turn into links automatically.
  • Lines and paragraphs break automatically.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

More information about formatting options

Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

„Најдобриот работник“ во Општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013