Prijavi problem

Одржан третиот по ред младински ракометен турнир во Општина Илинден

Published on: 23.12.2019 - 15:08

Под покровителство  на градоначалникот на општина Илинден Жика Стојановски, а во организација на ракометниот клуб Илинден-Вардар, трета година по ред во спортската сала “Гоце Делчев“ во населба Илинден се одржа младински ракометен турнир „Илинден 2019“.

На турнирот учествуваа 14 ракометни клубови, кои се натпреваруваа во две категории и тоа : родени 2002/03 г. машки со учество на ракометните клубови на Илинден, Аеродром, Пролет, Вардар јуниор, Драчево, Металург, Еурофарм Пелистер, Алушевски, Вардар и Балтепе и 2004/05 г. девојчиња со учество на ракометните клубови на Илинден, Вардар, Металург и Аеродром и.

Љубителите на ракометот во спортската сала „Гоце Делчев“ имаа можност да уживаат во вистина квалитетниот ракомет што го прикажаа младинците од сите ракометни школи што учествуваа на турнирот. На овој вистински ракометен хепенинг, пред полни трибини на посетители, младите ракометари покажаа дека и покрај нивната младост длабоко навлегле во тајните на оваа игра.

На младинскиот ракометен турнир најуспешен беше ракометниот клуб Вардар јуниор, второ место освои РК Алушевски додека трето место беше РК Аеродром. Индивидуални награди добија за најдобар голман Матеј Ивановски (РК Алушевски), најдобар стрелец Дејан Југовски (РК Еурофарм Пелистер) и најкорисен играч Давид Савревски (РК Вардар Јуниор).  

Во категоријата за девојчиња најуспешен беше ракометниот клуб Вардар, второ место освои РК Металург додека трето место беше РК Аеродром. Индивидуални награди добија за најдобар голман Мила Васевска (РК Металург), најдобар стрелец Анастасија Величковска (РК Илинден) и најкорисен играч Бојана Коцева (РК Вардар).  

Наградите на најуспешните свечено им ги врачи Градоначалникот на Општина Илинден  Жика Стојановски.

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

„Најдобриот работник“ во Општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013