Prijavi problem

Успешна соработка меѓу Сојузот на здруженијата на пензионери и Општина Илинден

Published on: 31.10.2019 - 13:16

 

Претседателот на Сојузот на здруженијата на пензионери на Македонија  г-ѓа Станка Трајкова, заедно со раководството на Здружението на пензионери Илинден ја посети Општина Илинден при што оствари средба со градоначалникот Жика Стојановски.

На работната средба која е резултат на досегашната долгогодишна успешна соработка на Општина Илинден со Сојузот на здруженија на пензионери, меѓу другото, се разговараше и за заедничките проекти што треба да бидат реализирани во иднина. Притоа, беше истакнато дека грижата  за највозрасните ќе продолжи и во иднина, дека Општина Илинден во континуитет ги следи потребите на пензионерите и се труди во рамките на своите можности секогаш да им излезе во пресрет. Подобрувањето на квалитетот на животот на пензионерите останува континуирана и трајна определба на Општина Илинден.

Претседателот на Сојузот на здруженијата на пензионери на Македонија  г-ѓа Станка Трајкова, ја искористи можноста да искаже искрени честитки за Златната награда и признание „GLOBALLOCAL“ за креирање на добар амбиент за развој на претприемништвото во Средна и Југоисточна Европа за 2019 година во категоријата најдобри локални заедници во 2019 година што и беше доделена на Општина Илинден. Со својот придонес за развојот на Општината значаен удел во добивањето на оваа награда имаат и пензионерите од Општина Илинден.

За време на престојот во Општината гостите го посетија Домот на култура „Илинден“, просториите на Здружението на пензионери Илинден, како и Домот на култура „Марино“ каде што е сместен еден од петте пензионерски клубови во Општина Илинден.

Post new comment

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
  • Web page addresses and e-mail addresses turn into links automatically.
  • Lines and paragraphs break automatically.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

More information about formatting options

Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Инвестициските патишта водат кон општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013