Prijavi problem

Предлог измени и дополнување на Буџетот на Општина Илинден за 2019 година

Published on: 17.09.2019 - 14:34

Измените и дополнувањата на Буџетот на Општина Илинден за 2019 година се предлагаат поради потребата од дополнување на Буџетот со  нови средства за реализација на проекти за изградба на патишта, тротоари и фекална канализација преку аплицирање со проекти во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, како и грант од Светска банка, за успешна реализација на проектот за изградба на патот Кадино – Клучка Автопат А4.

Во Предлог - Измени и дополнувања на Буџетот на Општина Илинден за 2019 година се зголемени приходите по основ на даноците на имот како резултат и на зголемениот број на даночни обврзници – изградени и пуштени во употреба нови стопански објекти и нови станбени објекти.

Исто така, зголемен е приходот по основ на Надомест за уредување на градежно земјиште како резултат на зголемениот интерес за градба на нови објекти.

Како резултат на зголемените приходи реализирани се повеќе инфраструктурни објекти во општината: изградени и реконструирани се повеќе улици, изградена е фекална канализација и други инфраструктурни објекти, со што капиталните расходи зазедоа 71,91% од расходите реализирани со сопствени приходи на Буџетот на општината.

 

ПРИЛОГ:

Буџет на Општина Илинден за 2019 година-Измени и дополна - PDF документ

Поврзано:

Финансиски извештаи


Post new comment

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
  • Web page addresses and e-mail addresses turn into links automatically.
  • Lines and paragraphs break automatically.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

More information about formatting options

Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Граѓаните на општина Илилнден активно вклучени во креирањето на буџетот за 2020 година
ilinden.gov.mk © 2013