Prijavi problem

Богата програма на Литературна манифестација „Илинден 2019“

Published on: 17.05.2019 - 08:25

 

На програмата на јубилејната 20-та Литературна манифестација „Илинден 2019“, денес во Домот на култура „Илинден“ ќе се одржат три културни настани.

Во 12:00 часот ќе биде промовирана книгата „ Мартин Крпан – дипломат и воин”  од проф. д-р Милан Јазбец, објавена на македонски, албански и руски јазик, при што промотивна реч ќе одржи проф. д-р Кристина Николовска.

Во попладневната програма во 17:00 часот ќе се изврши промоција на романот „Всенецијанска бајка“ на писателот од Хрватска, Марко Павловски. Промотор на овој роман ќе биде истакнатиот македонски писател проф. д-р Венко Андоновски.

Вечерва, пак, со почеток во 19:00 часот ќе се одржи централниот настан на Литературната манифестација „Илинден“, поетскиот митинг „Стихови за душата“, на кој ќе настапат триесеттина поети од земјата и странство.

Покана до сите почитувачи на литературата да бидат дел од овие настани, и да уживаат во пријатните мигови што ги носи Литературната манифестација „Илинден“.

 

Свеченото отворање на манифестацијата ќе биде на 14 мај (вторник) со почеток во 19:00 часот, во Домот на култура „Илинден“, а централниот настан, поетскиот митинг „Стихови за душата“ на кој ќе настапат над 30 поети од десеттина држави е закажан за 17 мај (петок), со почеток во 19:00 часот.

На оваа престижна манифестација која што најде почесно место во календарот на македонските културни случувања, ќе се одржат повеќе културни настани, портрети и промоции на книги на реномирани писатели, како и млади автори, чествувања, изложба, литературно матине за деца со настап на писатели за деца и млади, како и музички колажи со познати музички ѕвезди.

Во рамките на манифестацијата во Домот на култура „Илинден“ од 14 до 18 мај, под мотото „Денови на книгата“ ќе се одржи саем на книгата, каде што љубителите на пишанот збор ќе можат да се запознаат со најновите изданија и да најдат богат избор на книги.

Уште првата вечер љубителите на пишаниот збор ќе имаат можност да бидат дел од промоцијата на „Бели мугри“ од Кочо Рацин на десет словенски јазици. На десет словенски јазици ќе одекнат стиховите на Рацин кој со Бели мугри“ го отвори патот на современата македонска литература и стана еден од основоположниците на современата македонска книжевност.

На манифестацијата ќе биде промовирана книгата „Мартин Крпан-дипломат и воин“ од проф. д-р Милан Јазбец, објавена на македонски, албански и руски јазик, промоција на антологијата „Десет унгарски поети“ во избор и препев на Паскал Гилевски, промоција на романот „Венецијанска бајка“ на писателот од Хрватска Марко Павловски, потоа промоции на книги од млади автори, чествување за академиците Матеја Матевски и Гане Тодоровски по повод 90-годишнината од нивното раѓање и ред други настани.

Ќе се одржи и традиционалното Литературно матине за деца на кое ќе настапат 15  писатели за деца и млади и на кое ќе бидат доделени награди и пофалници за најуспешните творби на учениците, пристигнати на литературниот конкурс распишан од Општина Илинден.

Општина Илинден ги поканува сите почитувачи на пишаниот збор да ја посетат 20-та Литературна манифестација „Илинден 2019“ и со своето присуство на бројните културни настани да го збогатат одбележувањето на овој голем јубилеј.

Влезот за сите настани е слободен, а Општината  организира превоз за сите оние што сакаат да присуствуваат на отворањето на Литературната манифестација на 14-ти мај (вторник), како и на Поетскиот митинг „Стихови за душата“ на 17-ти мај (петок). Од Порта Македонија, во центарот на Скопје, автобусот ќе поаѓа во 18:00 часот, ќе ги превезува посетителите на Манифестацијата до Општина Илинден и ќе ги враќа кога ќе заврши вечерниот настан.

 

Post new comment

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
  • Web page addresses and e-mail addresses turn into links automatically.
  • Lines and paragraphs break automatically.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

More information about formatting options

Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Со концертот на групата NEXT TIME - одбележан денот на општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013