Prijavi problem

Со стиховите од Рацин отворена јубилејната 20-та Литературна манифестација „Илинден“

Published on: 14.05.2019 - 23:19

Во присуство на голем број писатели, поети, литературни критичари и вљубеници во пишаниот збор и уметноста, во Домот на култура „Илинден“ на свечен начин беше отворена јубилејната 20-та Литературна манифестација „Илинден 2019“.

Посакувајќи им добредојде на присутните, манифестацијата ја отвори нејзиниот покровител, градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски. Тој истакна дека Литературната манифестација зафаќа достојно место во просторот на културните збиднувања, и  со сета своја автентичност остава белег и придонес за афирмација на културата во локалната самоуправа во нашата држава и дава можност за учество во културната размена со светот. Притоа, тој рече дека оддржливоста на литературната манифестација „Илинден“ во целиот период се постигнува благодарение на целосната посветеност, заложба и поддршка на Друштвото на писателите на Македонија, Министерството за култура и Општина Илинден како локална самоуправа.

- Самото постоење на оваа манифестација веќе 20 години ни дава потврда дека сме на вистинскиот пат во насока на промовирање на современите културни достигнувања и негување на културата и културните вредности преку приближување на пишаниот збор до што поголем број читатели. Задоволни сме што успеавме да изградиме мост меѓу домашните и писателите од странство при што размената на искуства е дргоцена за сите нас.  Но, исто така, горди сме што токму Литертурната манифестација „Илинден“ беше место за многу млади автори да ја доживеат својата афирмација, истакна градоначалникот Стојановски.

 Тој ја искористи можноста да им искаже голема благодарност на сите оние што придонесоа Литературната манифестација „Илинден“ да го стекне реномето што денес го има.

- Пред се, благодарност до писателите, поетите, доајени на пишаниот македонски збор кои што ја одржуваа  литературната манифестација. Благодарност до Друштвото на писателите на Македонија, кое даде драгоцен придонес оваа манифестација денес да биде една од престижните во земјата и регионот. Благодарност до младите автори кои се иднината на македонската поезија и проза, благодарност до сите досегашни учесници, до сите посетители на оваа манифестација, до сите граѓани на Општина Илинден, до сите оние што на било кој начин ја забогатија и станаа дел од историјата на оваа манифестација, додаде градоначалникот Жика Стојановски.

По свеченото отворање на манифестацијата, по повод 80-ет годишнината од излегувањето, на десет словенски јазици беше промовирана стихозбирката „Бели мугри“ од Кочо Рацин. Беседа за авторот и за ова вонсериско ремек дело  одржа проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска, а стихови од Рацин на дел од  словенските јазици читаа Владимир Луков, Сања Должан, проф. д- Јасминка Делова-Силјанова, Игор Дворшќак, Наталија Кикило и Антонио Павловски.

Свеченото отворање на 20-та Литературна манифестација „Илинден 2019“ беше збогатено со настап на Драган Мијалковски кој со неговите евергрини се погрижи за убавото расположение на присутните.

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Со концертот на групата NEXT TIME - одбележан денот на општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013