Prijavi problem

Данокот на имот-основа за поквалитетен живот

Published on: 21.03.2019 - 13:14

Данокот на имот е јавна давачка, која се плаќа за недвижен имот од страна на правни и на физички лица коишто се сопственици или, корисници на недвижниот имот. Висината на даночната стапка на данокот на имот се утврдува со Законот за даноците на имот и Одлука на Советот на Општината.  

Данок на имот од страна на даночните обврзници се плаќа сразмерно на пазарната вредност на имотот што се поседува или користи.

Даночниот обврзник има обврска да го пријави имотот со неговата пазарна вредност усогласена со Методологијата за утврдување на пазарната вредност на недвижниот имот донесена од министерот за финансии. Исто така, граѓаните треба навремено да ја пријават секоја промена на вредноста на нивниот имот во текот на годината.

Даночните обврзници имаат можност данокот на имот да го платат во целост во рок од 15 дена по приемот на даночното решение, или да го платат тримесечно, односно на 4 рати во текот на годината.

Во прилог се дадени два примера на Решение за данок на имот за 2019 година:

Пример 1:

- Во првото Решение согласно член 9 од Законот за даноците на имот, за куќа од 100 м² со просечна пазарна вредност од 1.950.000,00 денари во која живее даночниот обврзник е утврдено  намалување на пресметаниот данок во висина од 50%, и годишниот данок на имот изнесува 1.950,00 денари.

 

Пример 2:

- Во второто Решение за данок на имот за куќа од 100 м² со просечна пазарна вредност од 1.950.000,00 денари во која даночниот обврзник не живее годишниот данок на имот изнесува 3.900,00 денари.

 

Утврдениот данок на имот е годишна давачка, за разлика од останатите сметки за комунални услуги кои се месечни (струја, вода, телефон,...). Доколку направиме споредба со другите месечни сметки и данокот на имот го поделиме на 12 месеци во годината се добива сума од 162,00 денари месечна обврска за данок на имот за куќа од 100,00 м² во која живее даночниот обврзник, според прикажаниот пример.

Со средствата од данокот на имот општината како локална самоуправа ги покрива трошоците и инвестициите во областите на основните надлежности: изградба на патна, комунална и енергетска инфраструктура, инвестиции во образованието, згрижување на децата од предучилишна возраст, заштита на животната средина, подобрување на безбедноста во сообраќајот, културата, спортот, кои се неопходни за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.

Локалната самоуправа има обврска да го следи брзиот развој, да ги следи барањата и критериумите на граѓаните за квалитетен живот кои се на повисоко ниво, да овозможи целосна и квалитетна услуга и да создаде услови за одржлив локален економски развој.

 

Доколку направиме споредба во наплатата на данокот на имот со истиот период во минатата година, годинава има зголемен број на даночни обврзници кои го платиле данокот.

Ако даночниот обврзник смета дека во даночното решение има грешка во утврдувањето на пазарната вредност на неговиот имот, го повикуваме да се обрати во Одделението за финансиски прашања, за да можеме да ја коригираме и да се усогласи вредноста во решението за данок на имот.

Post new comment

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
  • Web page addresses and e-mail addresses turn into links automatically.
  • Lines and paragraphs break automatically.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

More information about formatting options

Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Заврши литературната манифестација Илинден 2019
ilinden.gov.mk © 2013