Prijavi problem

ПРОГРАМА - Литературна манифестација „Илинден 2019“

Published on: 18.03.2019 - 14:58

Општина Илинден ја утврди програмата и термините за одржување на 20-то јубилејно издание на Литературната манифестација „Илинден 2019“. Годинава, оваа престижна манифестација која што најде почесно место во календарот на македонските културни настани ќе се одржи од 14 до 18 мај 2019 година.

Свеченото отворање на манифестацијата ќе се случи на 14 мај (вторник) со почеток во 19:00 часот во домот на култура „Илинден“, а централната манифестација, поетскиот митинг „Стихови за душата“ е закажан за 17 мај (петок), со почеток во 19:00 часот.

Во насока на промовирање на современите културни достигнувања, во рамките на манифестацијата ќе се одржат повеќе културни настани, портрети и промоции на книги на реномирани писатели, како и млади автори, чествувања, изложба, литературно матине за деца со настап на писатели за деца и млади, поетски митинг со настап на голем број домашни и писатели од странство, како и музички колажи со познати музички ѕвезди.

Во рамките на Литературна манифестација „Илинден 2019“, во домот на култура „Илинден“ од 14 до 18 мај под мотото „Денови на книгата“ ќе се одржи саем на книгата, каде што љубителите на пишанот збор ќе можат да се запознаат со најновите изданија и да најдат богат избор на книги.

 

Во прилог Програма на 20. Литературна манифестација „Илинден 2019“

PDF Dwonload - КЛИКАЈ ТУКА


Post new comment

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
  • Web page addresses and e-mail addresses turn into links automatically.
  • Lines and paragraphs break automatically.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

More information about formatting options

Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Со концертот на групата NEXT TIME - одбележан денот на општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013