Prijavi problem

Среќникот што го фати Богојавленскиот крст во традиционална посета на Општината

Published on: 21.01.2019 - 14:34

Во Општина Илинден продолжува традицијата среќникот што го фати Богојавленскиот крст што свештениците од црквата „Свети Константин и Елена“ го положија во водите на езерото на хотелот Белви по повод Богојавление-Водици, да ја посети Општина Илинден.  

Годинава таа чест ја имаше 31 годишниот Дејан Ристовски, од н.м. Марино, кој на големо задоволство на градоначалникот Жика Стојановски и администрацијата го донесе крстот во просториите на Општина Илинден.

Градоначалникот Стојановски му се заблагодари на Ристовски за посетата на Оштината со верба дека Богојавленскиот крст ќе донесе  здравје, радост, среќа, благосостојба, подобар живот на сите граѓани во Општина Илинден.

Дејан Ристовски кој за прв пат го фати крстот во своето петто учество на манифестацијата, не ја криеше радоста дека конечно му се остварила големата желба. Тој на градоначалникот, на вработените во локалната самоуправа, како и на сите граѓани на Општина Илинден им посака Богојавленскиот крст да им донесе многу здравје, радост и среќа.

Општина Илинден и црквата  „Св. Константин и Елена“, традиционално, веќе 11-та година по ред по повод Богојавление-Водици, организираат положување на крстот во водите на езерото на хотелот Белви. Она што посебно радува е податокот што во одбележувањето на овој голем православен празник од година во година учествуваат се поголем број верници.

Post new comment

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
  • Web page addresses and e-mail addresses turn into links automatically.
  • Lines and paragraphs break automatically.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

More information about formatting options

Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Со концертот на групата NEXT TIME - одбележан денот на општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013