Prijavi problem

Исчистени 42 километра од каналската мрежа

Published on: 13.12.2018 - 10:56

 

Реализацијата на проектите Чистење, нивелирање и одржување на отворените одводни канали, како и Изградба и подобрување на системот за зафаќање и одведување на атмосферските води остануваат еден од приоритетите во работењето на Општина Илинден. Од почетокот на годината досега машински и рачно на територија на Општина Илинден исчистени се главни, секундарни и терцијални отворени одводни канали во  должина од 42.190 метри со што е исполнет и надминат Акциониот план за 2018 година, со кој се предвидуваше чистење, нивелирање и одржување на 42.000 метри од каналската мрежа.

По машинското чистење на сисавец на секундарниот канал Топлик во локалната економска зона Ограѓе во должина од 1.500 метри, деновиве во тек беше машинско чистење на каналот Топлик во должина од 1700 метри. Овој секундарен канал кој минува низ нас. Илинден и н.м. Марино претставува една од главните артерии за зафаќање и одводнување на атмосферската вода од овие населени места. Во него се влеваат два терцијални канала со вкупна должина од 2.700 метри, прифаќајќи ги атмосферските  води од централното подрачје на населба Илинден.

Во насока на заштита на функционалноста на каналите апел до граѓаните да се грижат за функционирањето на каналската мрежа, како и укажување дека е забрането затрупување на отворените одводни канали, шанци и ендеци, узурпирање на одводните канали, како и поставување на објекти покрај каналите кои би пречеле на фунционалноста на каналската мрежа.

Општина Илинден и понатаму ќе продолжи со реализација на проетот ,,Чистење, нивелирање и одржување на отворените одводни канали“, со цел овозможување на непречен проток на атмосферските води и високите подземни води.

 

Post new comment

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
  • Web page addresses and e-mail addresses turn into links automatically.
  • Lines and paragraphs break automatically.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

More information about formatting options

Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Заврши литературната манифестација Илинден 2019
ilinden.gov.mk © 2013