Prijavi problem

Фудбалската школа Грозданоски одбележа две години постоење

Published on: 02.10.2018 - 09:10

 

Фудбалската школа Грозданоски одбележа две години од своето постоење во Општина Илинден. На пригодното одбележување на годишнината, присуствуваше и градоначалникот, Жика Стојановски.

Оваа школа што се реализира на фудбалските игралишта во Општина Илиден ја посетуваат над 200 деца на возраст од 6 до 14 години. Меѓу нив, како што вели поранешниот фудбалер на Вардар, Влатко Грозданоски, кој со неговиот стручен тим ја води школата, речиси од секоја генерација има по неколку деца кои имаат талент да бидат вонсериски фудбалери, но дали тоа ќе биде така, вели тој, зависи од многу фактори.

Според неговите зборови фудбалските терени во Општина Илинден се со извонреден квалитет, едни од подобрите во земјата, што многу придинесува децата  полесно да навлезат во тајните на фудбалската игра, што е една од причините поради која токму тука ја отворил фудбалската школа.

Ова е резултат на постојаните заложби на Општината за создавање услови за спорт и рекреација, на континуираното инвестирање во спортската инфраструктура и одржувањето на спортските објекти.

Грозданоски посебно ја истакна поддршката од Општина Илинден и градоначалникот Жика Стојановски, која многу придонесе  за успешната реализација на овој проект, која се надева дека ќе продолжи и во иднина.

 

Post new comment

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
  • Web page addresses and e-mail addresses turn into links automatically.
  • Lines and paragraphs break automatically.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

More information about formatting options

Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Свечено одбележан Денот на општина Илинден "Илинден 2-ри Август“
ilinden.gov.mk © 2013