Prijavi problem

Континуирано чистење, нивелирање и одржување на каналската мрежа

Published on: 27.08.2018 - 13:44

 

Од почетокот на годината досега Општина Илинден континуирано инвестираше во  одржувањето на отворената каналска мрежа што на територијата на Општината се протега во должина од 120 километри, подобрување на системот за зафаќање и одведување на  атмосферските води и поставување на  цевкасти пропусти.

Од страна на АД Водостопанство на РМ „Скопско поле“, се изврши машинско и рачно чистење на главниот и ободниот одводен канал, како и секундарната и терцијалната каналска мрежа во должина од 13.500 метри. Дополнително во соработка со ЈКП „Илинден и потпишаните договори на Општина Илинден се реализираа активности за чистење на секундарната и терцијалната каналска мрежа. Се пробиваа нови канали за зафаќање и одведување на  атмосферските води, како и се поставуваа  цевкасти пропусти Ф-300 и Ф-500 на премините и на местата каде што каналите беа блокирани.

Обезбедувањето на проточност на каналската мрежа не е работа што се решава во еден ден, туку процес на континуирано и долгорочно системско работење, уредување, нивелирање, чистење и одржување на каналите. За да се спречат евентуални поплави, каналската мрежа во секој момент мора беспрекорно да функционира, за што најсвеж пример беше „водената бомба“ што на 20 август, годинава, како што објавија некои портали, се „истури“ над населба Илинден, при што каналската мрежа без никакви последици ги прифати и одведе надојдените води.

Ова е резултат на заедничката соработка на Општина Илинден, АД Водостопансто „Скопско поле“, Јавното комунално претпријатие Илинден, бизнис секторот и граѓаните кои даваат посебен придонес со дефинирањето на локациите кои се приоритет за одржувањето на функционалноста на каналската мрежа. 

Линк: ТУКА

Post new comment

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
  • Web page addresses and e-mail addresses turn into links automatically.
  • Lines and paragraphs break automatically.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

More information about formatting options

Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Свечено одбележан Денот на општина Илинден "Илинден 2-ри Август“
ilinden.gov.mk © 2013