Prijavi problem

Австриски „Текспорт“ донираше шлемови за Општинскиот противпожарен сојуз „Илинден“

Published on: 31.07.2018 - 09:58

 

Aвстриската компанија за производство на  заштитна облека „Текспорт“ донираше 25 заштитни шлемови за Општинскиот противпожарен сојуз „Илинден“. Во присуство на градоначалникот на Општина Иинден, Жика Стојановски, донацијата ја предаде сопственикот на компанијата „Текспорт“, Отмар Шнајдер.

При предавањето на донацијата, зборувајќи за квалитетот на производот, Отмар Шнајдер истакна дека се надева дека овие заштитни шлемови ќе бидат употребувани како превентива, за вежби и обуки, и дека ќе нема потреба да бидат употребени во гасење на пожари.

Компанијата „Текспорт“ во локалната економска зона Марино-Кадино изгради фабрика за производство на  заштитна облека, која според најавите на сопственикот треба да почне со работа во септември. Погонот е на површина од 5.000 метри квадратни и според инвеститиорот се очекува да бидат отворени 450 до 500 нови работни места.

Во рамките на Општинскиот противпожарен сојуз „Илинден“ функционираат шест доброволни противпожарни друштва и единици во населените места Илинден, Ајватовци, Мршевци, Дељадровци, Бујковци и Бучинци со вкупно 80 активни членови.

Post new comment

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
  • Web page addresses and e-mail addresses turn into links automatically.
  • Lines and paragraphs break automatically.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

More information about formatting options

Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Свечено одбележан Денот на општина Илинден "Илинден 2-ри Август“
ilinden.gov.mk © 2013