Prijavi problem

Галерија-Изложба „Шепотот на боите“ на Зоран Трпевски

Published on: 30.07.2018 - 13:29

Во рамките на одбележувањето на  Денот на општина Илинден „Илинден 2-ри Август“ во галеријата на Домот на култура „Илинден“ отворена е изложба на уметникот-аматер Зоран Трпевски од општина Илинден. Изложбата насловена „Шепотот на боите“ ја отвори академскиот сликар Новица Трајковски, кој зборувајќи за авторот истакна дека иако е аматер со неговите дела може да застане рамо до рамо со членовите на Друштвото на ликовните уметници на Македонија.

Според зборовите на Трпевски, љубовта кон ликовната уметност го прати целиот негов живот, но поактивно почнал да се занимава во последните четири години, период во кој има насликано над стотина дела. Душевниот мир, како што вели,  го пронаоѓа во пејсажите без разлика дали се во пролетно зеленило или, се прекриени со снежна покривка, при што останува доследен на реализмот.

Зоран Трпевски учествуваше на минатогодишната изложба на уметниците од општина Илинден што се реализираше во домот на култура „Илинден“. Притоа, од страна на специјална жири комисија беа избрани две најдобри дела, за чии автори како награда следуваше самостојна изложба во Домот на култура „Илинден“, а еден од овие автори беше и Зоран Трпевски.

 

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Континуирано инвестираме во подобар и поквалитетен живот за сите во општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013