Prijavi problem

Свечено одбележан Денот на општина Илинден "Илинден 2-ри Август“

Published on: 27.07.2018 - 11:28

 

Со пригодна свеченост што со одржа на амфитеатарот во паркот „Галерија на отворено“ во Домот на култура „Илинден“, општина Илинден го одбележа патрониот празник на Општината „Илинден 2-ри Август“ и националниот празник на македонскиот народ.

Во атмосфера каква што само може да понуди паркот „Галерија на отворено“, на оваа централна манифестација од одбележувањето, најнапред со честитки за Денот на Општината и националниот празник на македонскиот народ, на присутните им се обрати градоначалникот Жика Стојановски.

За величественоста на настанот се погрижи нашата музичка легенда Влатко Стефановски кој беше специјален гостин на вечерта. Присутните уживаа во изведбите на нашиот виртуоз на гитара, во еден глас пеејќи ги евергрините „Чукни во дрво“, „Као какао“ „Скопје“...

Како дел од централната манифестација од одбележувањето на Денот на општина Илинден „Илинден 2-ри Август“ во Галеријата на Домот на култура „Илинден“ беше отворена изложба на уметникот-аматер Зоран Трпевски од општина Илинден. Изложбата ја отвори академскиот сликар Новица Трајковски, кој зборувајќи за авторот истакна дека иако е аматер со неговите дела може да застане рамо до рамо со членовите на Друштвото на ликовните уметници на Македонија.

Во рамките на одбележувањето на Денот на Општината и националниот празник на македонскиот народ и годинава се одржа традиционалниот Спортски викенд „Илинден 2018“, под мото „Ние навиваме за Македонија“ на кој учествуваа над 750 спортисти, како и крводарителска акција, во која годинава и покрај тоа што се одржува во летниот период драгоцената течност ја даруваа досега рекордни 63 крводарители од општина Илинден.

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Свечено одбележан Денот на општина Илинден "Илинден 2-ри Август“
ilinden.gov.mk © 2013