Prijavi problem

Советот даде согласност за реализација на три капитални проекти

Published on: 25.07.2018 - 13:01

Советот на општина Илинден на својата 11. редовна седница донесе одлуки за утврдување на приоритет и давање на согласност за намена на инвестиции за три капитални проекти. Станува збор за проектите „Изградба на локален пат за поврзување на н.м Бујковци со локален пат н.м Ајватовци - н.м Мршевци“, „Изградба на пешачка патека за поврзување на населено место Марино (улица „500“)  со населено место Кадино (улица „11“)“ и проектот „Прифаќање и третман на отпадни води за населено место Кадино“, со кои општината ќе аплицира за обезбедување на средства.

На седницата, покрај другото, советниците ја разгледаа и информацијата за безбедносната состојба во Општината што ја поднесоа присутните претставници на Министерството за внатрешни работи. Состојбата беше оценета како добра и на  задоволително ниво, при што посебно се нагласи подобрувањето на безбедноста во сообраќајот.

Советниците донесоа одлука за востановување на општинско признание „Клуч од Општината“. Ова признание се  доделува на правни и физички лица кои со својата поддршка на локалната самоуправа придонеле за побрз развој на Општината во спроведувањето на нејзините планови и активности за овозможување подобри услови за живеење, подобрување на животниот стандард и квалитетот на животот на граѓаните на општина Илинден.

Post new comment

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
  • Web page addresses and e-mail addresses turn into links automatically.
  • Lines and paragraphs break automatically.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

More information about formatting options

Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Свечено одбележан Денот на општина Илинден "Илинден 2-ри Август“
ilinden.gov.mk © 2013