Prijavi problem

Влатко Нацевски по трет пат го освои тенискиот трофеј

Published on: 23.07.2018 - 11:26

Влатко Нацевски по трет пат е победник на тенискиот турнир што Општина Илинден го организираше во соработка со Тениската федерација на Македонија, во рамите на Спортскиот викенд „Илинден 2018“. Тој во финалето го совлада Дарко Спасовски со резултат од 2:0 во сетови.

На турнирот што се одржа на четирите тениски терени на Спортско образовниот центар „Илинден“ настапија 16 тенисери.

За освоените први места пригодни награди на финалистите им додели покровителот на манифестацијата, градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски.

Посебна плакета за учество и поддршка во организирањето на Спортскиот викенд „Илинден 2018“ и беше доделена на Тениската федерација на Македонија. 

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Свечено одбележан Денот на општина Илинден "Илинден 2-ри Август“
ilinden.gov.mk © 2013