Prijavi problem

Фудбалерите на „Илинден“, „Кадино“ и „Марино“ одиграа ревијален фудбалски натпревар

Published on: 22.07.2018 - 12:46

На фудбалското игралиште во Марино, во рамките на Спортскиот викенд „Илинден 2018“ се одржа ревијален фудбалски натпревар. Меѓусебно играа две екипи составени од фудбалерите на трите фудбалски клубови од општина Илинден кои што се натпреваруваат во Третата фудбалска лига, ФК „Илинден“, ФК „Кадино“ и ФК „Марино 2012“.

Градоначалникот на општина Илинден, Жика Стојановски, како покровител на манифестацијата, на трите екипи им додели посебни плакети за учество и поддршка во организирање на Спортскиот викенд „Илинден 2018“, што е дел од одбележувањето на Денот на општина Илинден „Илинден 2-ри Август“.

 

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Свечено одбележан Денот на општина Илинден "Илинден 2-ри Август“
ilinden.gov.mk © 2013