Prijavi problem

Скопскиот плански регион и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ потпишаа Меморандум за соработка

Published on: 17.07.2018 - 14:41

 

Советот за развој на Скопскиот плански регион и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ потпишаа Меморандум за соработка. За време на 6-та седница на Советот за развој на Скопскиот плански регион, што се одржа во конференциската сала во Домот на култура „Илинден“, во општина Илинден, Меморандумот го потпишаа претседателот на Советот за развој на Скопскиот плански регион, Борис Георгиевски и ректорот на УКИМ, Никола Јанкуловски.

На седницата присуствуваа градоначалниците на 17 општини и градот Скопје како посебна единица на локална самоуправа од Скопскиот плански регион.

Во работата на седницата учествуваше и постојаниот претставник на Обединетите Нации, Луиза Винтон, при што се разгледуваше Грантовата шема за поддршка од УНДП. Исто така, на дневен ред на седницата беше и Јавниот повик од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2018 година.

 

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Свечено одбележан Денот на општина Илинден "Илинден 2-ри Август“
ilinden.gov.mk © 2013