Prijavi problem

Соработка на општина Илинден со Заедницата на Хрватите во Република Македонија

Published on: 12.07.2018 - 19:04

 

Претседателката на Заедницата на Хрватите во Република Македонија, Невенка Костовска во друштво на македонско-хрватската поетеса Љерка Тот Наумова ја посети општина Илинден, при што оствари средба со градоначалникот Жика Стојановски. Посетата е резултат на досегашната успешна соработка меѓу општина Илинден и Заедницата на Хрватите во Република Македонија, која посебно се интензивираше последните неколку години по  потпишување на спогодбата за пријателство меѓу општина Илинден и општина Решетари од Р. Хрватска.

На средбата беше изразена обострана желба соработката да  продолжи со учество во нови заеднички проекти.

Писателката Љерка Тот Наумова која е редовен учесник на Манифестацијата „Подарете книга за Велигденско јајце-Симбол на Христовото Восхресение“ што општина Илинден ја организира секоја година во пресрет на празникот Велигден, ја искористи средбата на општина Илинден да и подари повеќе книги од сопствената библиотека.

 

Post new comment

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
  • Web page addresses and e-mail addresses turn into links automatically.
  • Lines and paragraphs break automatically.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

More information about formatting options

Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

ЛИТЕРАТУРНА МАНИФЕСТАЦИЈА „ИЛИНДЕН 2018“
ilinden.gov.mk © 2013