Prijavi problem

Отворена изложбата „Ретроспектива“ на Блаже Донев

Published on: 19.06.2018 - 12:28

Пред поголем број љубители на уметноста во галеријата на Домот на култура „Илинден“, во општина Илинден, беше отворена изложба на дела на уметникот Блаже Донев.

За значењето на изложбата и творештвото на Донев на присутните им се обрати промоторот на изложбата, академскиот сликар Новица Трајковски. На изложбата насловена „Ретроспектива“, вљубениците во ликовната уметност имаат можност да видат и да уживаат во навистина прекрасните 30-на дела на овој автор.

Од почетокот на кариерата во 1993 година Блаже Донев има две самостојни изложби и учество на повеќе групни изложби низ Македонија. Негов стил на создавање е реализмот и надреализмот како правци во сликарството, но исто така тој го претставува македонскиот фолклор и традиција со неговите портрети, иконописи и фрескописи. Тој живее и создава во населбата Илинден.

Блаже Донев учествуваше на минатогодишната изложба на уметниците од општина Илинден што се реализираше во домот на култура „Илинден“. Притоа, од страна на специјална жири комисија беа избрани две најдобри дела, за чии автори како награда следуваше самостојна изложба во Домот на култура „Илинден“. Еден од овие автори беше и Блаже Донев со што се покажа дека организирањето на веќе традиционалната изложба на која учествуваат само уметници од општина Илинден, без оглед дали професионално или аматерски се занимаваат со уметност, ја постигна целта, а  тоа е анимирање на сите оние што се занимаваат, но и на оние што сакаат да се занимаваат со уметност, што е истовремено и одлична можност за промоција и пред се афирмација на младите уметници од општина Илинден.

Со реализирањето на изложби на уметниците од општина Илинден се дава голем придонес во  промовирањето на современите културни достигнувања на Општината, со што општина Илинден уште еднаш покажува дека еден од нејзините приоритети останува развојот на културата и зачувувањето и негувањето на традицијата и традиционалните вредности.

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Свечено одбележан Денот на општина Илинден "Илинден 2-ри Август“
ilinden.gov.mk © 2013