Prijavi problem

Подобрување на локалната патна инфраструктура

Published on: 11.06.2018 - 13:39

На повеќе локации во општина Илинден во тек се интензивни градежни активности во рамките на реализација на Проектот за подобрување на патната инфраструктура-изградба, реконструкција, рехабилитација и санација на локалните улици и патишта, со што се  дава  голем придонес во рамномерниот развој и подобрувањето на квалитетот на живеење во општина Илинден. 

Комплетно е саниран и асфалтиран дел од улица „535“, во населба Илинден, во должина од 280 метри, со што се придонесе за поголема безбедност на учесниците во сообраќајот, особено на пешаците на оваа фрекфентна сообраќајница која секојдневно ја користат приближно илјада граѓани. Оваа улица се протега од новиот пешачки мост и ја поврзува улица „8“„ во населба Илинден и улица „500“ во н.м Марино со  општинското основно училиште „Гоце Делчев“, Средното општинско стручно училиште „Илинден“, градинката „Гоце Делчев“, поради што е од посебно голема важност за безбедноста на граѓаните, особено за учениците кои во голем број секојдневно ја користат на патот до нивното училиште.

Во локалната економска зона Марино-Кадино, пак, во тек е изградба на новопроектираната улица „2“ во должина од 230 метри. Кон оваа улица гравитираат повеќе стопански објекти кои преку неа се поврзуваат со локалниот пат Марино-Кадино. Во моментот се работи на поставување на фекална канализација, како и тротоари, по што ќе следува асфалтирање.

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Свечено одбележан Денот на општина Илинден "Илинден 2-ри Август“
ilinden.gov.mk © 2013