Prijavi problem

Заврши Литературна манифестација „Илинден 2018“ - цела седмица општина Илинден беше метропола на балканската поезија

Published on: 21.05.2018 - 06:50

Како што почна, со стихови за душата, така и заврши 19-та Литературна манифестација „Илинден 2018“. Но, не во Домот на култура „Илинден“, каде што почна,  туку во велелепниот амбиент на манастирот „Свети Петар и Павле“, во населено место Ајватовци, што беше последната дестинација на поетскиот карван на Литературната манифестација.

На последниот ден од манифестацијата, писателите ги разгледуваа природните убавини на општина Илинден, како и локалните економски зони. Веднаш потоа, на дружбата во просториите на манастирот „Свети Петар и Павле“, во прекрасна атмосфера, ја искористија средбата преку своите стихови да искажат благодарност за гостопримството, најавувајќи дека и следната година ќе бидат дел од оваа манифестација.

Од своја страна градоначалникот на општина Илинден, Жика Стојановски,  ја искористи можноста уште еднаш да им се заблагодари на писателите, на поетите, како и на Друштвото на писателите на Македонија за нивното учество на манифестацијата со кое, како што рече, даваат огромен придонес во афирмацијата на општина Илинден.

Педесеттина истакнати писатели, поети, литературни критичари од Македонија и од странство со своето учество го направија незаборавно 19. Издание на Литературната манифестација „Илинден 2018“. Цела седмица општина Илинден беше метропола на балканската поезија.

На Литературната манифестација „Илинден 2018“ чиј централен настан беше Поетскиот митинг „Стихови за душата“, а на кој учествуваа 26 писатели од Македонија и од балканските држави, беа промовирани повеќе книги на истакнати и млади автори, беа организирани средби со писатели, портрети на познати писатели, изложба... Се одржа и  традиционалното Литературно матине за деца на кое учествуваа дванаесетмина писатели за деца и млади, а цела седмица под мотото „Денови на книгата“ се одржи саем на книгата, каде што љубителите на пишанот збор имаа можност да се запознаат со најновите изданија и да најдат богат избор на книги.

Создадена пред 19 години, оваа денес препознатлива манифестација, ја остварува својата цел - интензивирање и промовирање на современите културни достигнувања. Преку Литературната манифестација „Илинден“ се остварува намерата на општина Илинден да ја приближи книгата до секој поединец, книгата да стане дел од животот на секој од нас. Пред се, затоа што со секоја прочитана книга стануваме побогати. Побогати со нови знаења, нови искуства, нови идеи, нови можности.

Литературната манифестација „Илинден“ беше отскочна даска за многумина денес веќе познати писатели и поети во Република Македонија. Токму на оваа манифестација тие ја прочитаа првата песна, а денес зад себе веќе имаат повеќе издадени книги.

Затоа, амбасадорите на пишаниот збор ги испративме од општина Илинден убедени дека догодина на 20-то јубилејно издание на Литературната манифестација „Илинден“, ќе се вратат помногубројни, со нови дела, нови песни, нови стихови со кои ќе остават траен белег во историјата на оваа реномирана поетска манифестација која веќе ги надминува регионалните рамки.

Post new comment

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
  • Web page addresses and e-mail addresses turn into links automatically.
  • Lines and paragraphs break automatically.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

More information about formatting options

Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

ЛИТЕРАТУРНА МАНИФЕСТАЦИЈА „ИЛИНДЕН 2018“
ilinden.gov.mk © 2013