Prijavi problem

Камен темелник на нова инвестиција во општина Илинден

Published on: 16.05.2018 - 14:32

 

Во локалната економска зона Марино-Кадино, во присуство на голем број деловни партнери и гости, меѓу кои и градоначалникот Жика Стојановски, на свечен начин беше поставен камен темелник на нова инвестиција во општина Илинден. Компанијата „Лаки Лазо“ почна со изградба на погон за ПВЦ столарија и канцелариски простор на површина од 1000 квадратни метри.

Според инвеститорите станува збор за инвестиција од околу 400 илјади евра која што ќе овозможи отворање на 15 нови слободни работни места.

Локалната економска зона Марино-Кадино е на површина од 115 хектари со 50 градежни парцели на познати инвеститори, на која досега се изградени 20 стопански објекти, 15 интензивно се градат и се во завршна фаза, а за 15 градежни парцели во тек е подготовка на техничката документација за изградба на стопански објекти.

Како резултат на поволната бизнис клима и на континуираното создавање услови за влез на нови инвестиции и проширување на постоечките капацитети, продолжува инвестицискиот циклус во општина Илинден.

Post new comment

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
  • Web page addresses and e-mail addresses turn into links automatically.
  • Lines and paragraphs break automatically.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

More information about formatting options

Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Свечено одбележан Денот на општина Илинден "Илинден 2-ри Август“
ilinden.gov.mk © 2013