Prijavi problem

Со Манифестацијата „Подарете книга за Велигденско јајце-Симбол на Христовото Воскресение“, досега обезбедени 33.000 книги

Published on: 05.04.2018 - 13:05

Општина Илинден, во домот на култура „Илинден“ успешно ја реализираше 12-та по ред традиционална манифестација „Подарете книга за Велигденско јајце - симбол на Христовото Воскресение”, во која се обезбедени над 1.000 нови книги.

Во изминатите 12 години во манифестацијата „Подарете книга за Велигденско јајце - симбол на Христовото Воскресение” што традиционално се одржува секоја година на Велик четврток, во пресрет на најголемиот христијански празник Велигден, вкупно се подарени 33.000 книги наменети за Општинската библиотека Илинден, Општинската библиотека во домот на култура Марино и библиотеките во основните училишта.

На оваa оригинална  и единствена од ваков вид манифестација која што истовремено ги обединува културата, уметноста и традицијата учествуваа голем број на граѓани, издавачки куќи, преставници од бизнис секторот, писатели, ученици кои со дарувањето книги помогнаа да се збогати библиотечниот фонд.

Во чест на Двеилјадииосумнаесеттото лето Господово, симболично беа украсени 2018 црвени Велигденски јајца, па секој посетител на манифестацијата што даруваше книга за возврат доби црвено Велигденско јајце.

И во годинешната манифестација учествуваа повеќемина познати македонски писатели, со што продолжи успешната соработка на општина Илинден со Друштвото на писателите на Македонија.

Општина Илинден им искажува благодарност на сите досегашни учесници во манифестацијата, на преставниците од бизнис заедницата, на издавачките куќи, на научните институции и факултети, на писателите, на учениците и на големиот број граѓани, кои со дарувањето книги го збогатија библиотечниот фонд, давајќи придонес во афирмацијата и развојот на културата, образованието и науката.

Оние што не биле во можност, а имаат желба да учествуваат во манифестацијата, тоа можат да го направат во било кое време, бидејќи акцијата трае преку целата година.

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Свечено одбележан Денот на општина Илинден "Илинден 2-ри Август“
ilinden.gov.mk © 2013